Има некој купено гуми или било што од ekupi.mk?
Сакам да земам Toyo Nanoenergy 3, и таму е 2890ден, а од еуроимпекс ми дадоа цена 3300ден, а овие сигурно од еуроимпекс земаат, или не?
Инаку еве шо цени добив за 195/65 Р15:
Мотоцентар:
- Рикен - 2400ден
- Генерал - 3000ден
- Клебер - 3000ден
- Континентал PC - 4050ден
- Енерџи Сејвер + - 4700ден (WTF)
- Нокиан - 3100ден
- Бриџстон туранза (001 или 005?) - 4000ден
Стоп & Го:
- Ханкок - 3066ден
- Лауфен - 2560ден
Пневматик (нафта пиеле од сабајле, ми рачунаше 30% попуст, јас ќефој):
- Тигар - 2400ден
- Кели - 2400ден
- Сава Интенса - 2870ден
- Сава Перфекта - 2730ден
- Данлоп Блу - 4095ден (2015-та ги зедов 3500ден од кај нив, а нов модел овој не е)
- Енерџи Сејвер+ - 4390ден (банкаро на телефон вика оваа била најдобра)