Многу скепса се има за ал сизн гумите и во принцип сето нивно хејтање е од луѓе што никогаш не ги возеле. Мишелин Кросклајматот е подбра од 90% буџет и средна класа летни гуми. Конти Алсизн е подобра од 90% буџет зимски и средна класа гуми.
Од многу прочитани работи за гумите и јас се плашев дека првото возење на 40 степени ке се стопи гумата. Сликав пред и потоа слики, да видам разлика. Нити се стопи гумата ни шара изгуби ни еластичност ништо. Дали ќе траат 5-6 или не знам колку години ќе видиме. За нормално возење по знаци, и за мин 80% од луѓево ал сизн се измислена работа. Летните Гудјиар што ги имав ЕфишентГрип исто после 4 години почна знаци на оштетувања да имаат, па во ноември на 4 години и некој месец ги сменив со овие.
Летните дефинитивно имаа подобра заштита од аквапланинг (ваљда и шарата си има улога тука) и летно време на 40степени, малку поктратко растојание на кочење имаа. Од друга страна, под 10ц се осеќаше дека губат на својства, а при снег и мраз од 1 милиметар беа тотално неупотребливи. Со ал сизнов го немам тој проблем. Јбг секогаш нешто добиваш и нешто губиш. Не е се за секого. Така да согласно потребите, така и гумата.
Во секој случај следно само ал сизн би разгледувал пак, ако продолжи сегашниов тренд на задоволство што го имам од истите. А не гледам зошто не би продолжил за макс 10.000км што возам годишно.