Автор Тема: Зазор на свеќици  (Прочитано 4633 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Зазор на свеќици
« на: 30 Мај 2012, 16:55:33 pm »
     Говорено е повеќе пати на форумов за изборот на свеќици, како и значењето на ознаките на свеќиците. Идејата у оваа тема ми е како и колку да се подеси зазорот при ибор на друг тип на свеќици кај возилата на бензин, но и плин.
     Имено, со појавата на иридиумски свеќици на пазарот и новата технологија на централна електрода 0,4 мм која работи на понизок напон од стандардните бакарни, од никел и сл. овозможено е да зазорот на свеќицата биде поголем од фабрички препорачаниот без појава на missfire, со што се добива целосно согорување на смесата од воздух и гориво, пониска потрошувачка, зголемени перформанси и тн.
     Општо познато е дека со намалување на зазорот се добива помала но посилна искра за сигурно запалување на смесата и како постапка најчесто се користи кај возилата на плин. Во овој случај при користење на бензин како гориво, доаѓа до нецелосно согорување на смесата, црни наслаги, зголемена потрошувачка и намалени перформанси на возилото.
     Нема да навлегувам во температурните к-ки на свеќиците и дали и во кој случај ќе треба поладни или повруќи - тоа е како реков опишано претходно во другите теми. Ме интересираат вашите сознанија, искуства или сл. во врска со ова при користење на стандардни или иридиумски свеќици на бензин или плин.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Зазор на свеќици
« Одговори #1 на: 01 Јуни 2012, 12:44:33 pm »
Добро бе на форум за коли никој нема да сподели искуство или свои сознанија за свеќици како нешто најелементарно во бензинските мотори? Нема да му се замери дали е у право или не - форумов ионака е преокупиран со рекла - казала, што сакаш да купиш, убави мачиња ... ;)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Зазор на свеќици
« Одговори #2 на: 01 Јуни 2012, 12:57:35 pm »
на колата возам фабрички спецификации на свеќици,на моторот свеќицата ми е со ист зазор како на платината(старо тркачко правило) моторчето пали на пола курбла и одлично работи во сите режими на работа,кај колата бидејќи се вози на плин имам пробано со намален зазор но не осетив никаква разлика па пак си ги вратив на фабрички спецификации

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Зазор на свеќици
« Одговори #3 на: 01 Јуни 2012, 20:34:13 pm »
Добро бе на форум за коли никој нема да сподели искуство или свои сознанија за свеќици како нешто најелементарно во бензинските мотори? Нема да му се замери дали е у право или не - форумов ионака е преокупиран со рекла - казала, што сакаш да купиш, убави мачиња ... ;)

Ево нешто и за каблите..

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Зазор на свеќици
« Одговори #4 на: 01 Јуни 2012, 21:34:02 pm »
Добро бе на форум за коли никој нема да сподели искуство или свои сознанија за свеќици како нешто најелементарно во бензинските мотори? Нема да му се замери дали е у право или не - форумов ионака е преокупиран со рекла - казала, што сакаш да купиш, убави мачиња ... ;)

Twinspark возам има доволно искри во цилиндрите ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Зазор на свеќици
« Одговори #5 на: 07 Август 2012, 00:33:05 am »
денеска ги проверував свеќиците а воедно и ги исчистив,направив неколку фотки и може да се види дека согорувањето не е еднакво во сите цилиндри

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Зазор на свеќици
« Одговори #6 на: 07 Август 2012, 07:40:25 am »
Мене ми изглеа ко` малку карбонски депозити да има, побогата смеша, друго ништо страшно...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Зазор на свеќици
« Одговори #7 на: 07 Август 2012, 08:34:27 am »
Чудно но тек сеа ја видов темава...
Свекици...Имам релативно многу менувано...Различни брендови, итн...
Секогаш гледам зазорот да биде по спецификација...За мојата кола зазорот по спецификација е 0,8 мм.
Чистење со челична четка , како стакло да се направи...
Добро издувана на нема ѓубре и такви ситници.
Во принцип свекиците ги контролирам на некој си 10 000 км, а и не ги возам повеќе од 20 000.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Зазор на свеќици
« Одговори #8 на: 07 Август 2012, 10:12:49 am »
Мое мислење е дека немаш потреба од толку рано менување, 50-60.000 би биле таман. Овие што се со иридиумски електроди може и повеќе... А за чистењето и зазорот - ок е, и јас два пати годишно им маам по една контролна нега :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Зазор на свеќици
« Одговори #9 на: 23 Ноември 2013, 22:03:03 pm »
  Malku pomos.
Ne mozam da go najdam tocniot zazor na svekici za shevrolet cruze 1.8xer
Negde pisuva 1.1mm a negde 0.6-0.7mm

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Зазор на свеќици
« Одговори #10 на: 23 Ноември 2013, 22:10:26 pm »
Aко свеќиците не се стандард, доаѓаат претходно подесени во фабрика за твоето возило према нивниот каталог. Зборот ми е дека иако зазорот кај тебе треба да биде на пример 1 mm, со афтер маркет свеќиците (иридиум, платина...), во зависност од изведбата и напонот на кои што работат, зазорот ќе биде различен т.е. најчесто поголем отколку на стандардните со што се добиваат и подобри перформанси. Инаку кај тебе мислам дека зазорот треба да биде 0.9 mm

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Зазор на свеќици
« Одговори #11 на: 23 Ноември 2013, 22:16:56 pm »
   Zedov oem od automakedonija i tie se 0.6mm.Pri merenje na starite so koj pominav 35000 (20000 na plin) zazorot iznesuvase 1.2mm.    Zatoa proveriv na net ama mi dava razlicni rezultati

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Зазор на свеќици
« Одговори #12 на: 23 Ноември 2013, 22:19:04 pm »
иста ознака имаат? Што ознака носат оригиналните свеќици? И од кој производител се?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Зазор на свеќици
« Одговори #13 на: 23 Ноември 2013, 22:28:37 pm »
ngk    se e isto samo na krajot ednite imaat oznaka 6 a fabrickata 11.
edit ustvari ne e na krajot taja brojka tuku negde na sredina na svekicata

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Зазор на свеќици
« Одговори #14 на: 23 Ноември 2013, 22:38:44 pm »
http://www.ngk.de/nc/en/product-finder/produktfinder/PKW/ZK_BENZINER/CHEVROLET/CRUZE/ZFR6F-11/6655/

http://www.ngk.de/nc/en/product-finder/produktfinder/PKW/ZK_BENZINER/OPEL/INSIGNIA/ZFR5F-11/13922/

Инигнијата ја носи ознаката од моторот што ти ја кажуваш, но има малку „поладни“ свеќици од оние за круз. Сепак, зазорот е 11мм.