Автор Тема: Toyota Corolla ili Honda Civic 2009ta  (Прочитано 14124 пати)

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Toyota Corolla ili Honda Civic 2009ta
« на: 25 Мај 2012, 14:10:52 pm »
Vo dvoumenje sum dali bi zemal Toyota Corola ili Honda civic. Neli bidejki se raboti negde za 3 godini stara kola , za posle nekoja godina, servis, rezervni delovi itd itd...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Toyota Corolla ili Honda Civic 2009ta
« Одговори #1 на: 25 Мај 2012, 14:15:05 pm »
Јас како пристрасен возач на Тојота би ти рекол Тојота, единствено ако бараш повеќе опрема во возило можеби Хонда нуди повеќе внатре? Тојота за нијанса подобра во квалитет. Ако не ти игра улога гаџетите внатре, јас би одел на Тојота. Инаку и Хонда е супер избор. Што и да одбериш нема да згрешиш.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11734
  • Архитект
Одг: Toyota Corolla ili Honda Civic 2009ta
« Одговори #2 на: 25 Мај 2012, 14:25:58 pm »
Дали на Сивик мислиш на Хеч или на седан верзијата?

Дека споредба со Корола ти е седан сивик.

Хондата да знаеш дека доаѓа со највисоко ниво на опрема, за разлика од Тојотата. Така да внатре има од пиле млеко.
Исто така моторите се доста битни. Ако одиш на дизел, хонда дизел кај нас нема. Тука се оди на Тојота.
Ако одиш на бензин тогаш 1.8 140 коњи на хонда е далеку подобар од било кој што се вградува во Тојота.

Јас сум повеќе за Хеч Сивик. Затоа што е многу јака кола. Посебна е некако.

Види ги овие варијанти.....

http://nfs.mobile.bg/pcgi/mobile.cgi?topmenu=1&act=4&adv=11334837233191490&f1=details

http://nfs.mobile.bg/pcgi/mobile.cgi?topmenu=1&act=4&adv=11330590748910711&f1=details

http://nfs.mobile.bg/pcgi/mobile.cgi?topmenu=1&act=4&adv=11334356467851496&f1=details

http://nfs.mobile.bg/pcgi/mobile.cgi?topmenu=1&act=4&adv=11330103942971079&f1=details

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Toyota Corolla ili Honda Civic 2009ta
« Одговори #3 на: 25 Мај 2012, 16:49:46 pm »
Mislam na sedan verzijata, zatoa ja sporeduvam so Corollata... Sto potrosuvacka na benzin imaat realno, ... 1.8 Honda kolku trosi , 1.6 Hondata isto, dokolku potrosuvackata na benzincite ne e golema nema potreba od dizelasi...
Za odrzuvanje isto mi e vazno, servisot na Honda koga bi go sporedile so servisov na Toyota koj e podobar i poevtin...
 Bidejki Civic i Corollata od 2009 se seuste pod garancija, a planiram i ponatamu da gi odrzuvam vo oficijalnite servisi vazen mi e oficijalniot Servis...
 Vnatresnosta mi igra uloga so opremata ama ne e odlucuvacka...
blagodaram odnapred...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Toyota Corolla ili Honda Civic 2009ta
« Одговори #4 на: 25 Мај 2012, 16:54:29 pm »
Mislam na sedan verzijata, zatoa ja sporeduvam so Corollata... Sto potrosuvacka na benzin imaat realno, ... 1.8 Honda kolku trosi , 1.6 Hondata isto, dokolku potrosuvackata na benzincite ne e golema nema potreba od dizelasi...
Za odrzuvanje isto mi e vazno, servisot na Honda koga bi go sporedile so servisov na Toyota koj e podobar i poevtin...
 Bidejki Civic i Corollata od 2009 se seuste pod garancija, a planiram i ponatamu da gi odrzuvam vo oficijalnite servisi vazen mi e oficijalniot Servis...
 Vnatresnosta mi igra uloga so opremata ama ne e odlucuvacka...
blagodaram odnapred...



Ако не ти игра улога опремата внатре (радија, дугмиња итн) тогаш бирај ја Тојотата и уживај.

Тојота во основна верзија знае да биде прилично гола во делот на музики, дугмиња ама е стварно солидна.

Тојота има одлична мрежа на сервиси и овој во Македонија е стварно ОК, не знам некој да се пожалил?

Работна рака во сервис е 900 до 1000 денари час кај Тојота.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7239
Одг: Toyota Corolla ili Honda Civic 2009ta
« Одговори #5 на: 25 Мај 2012, 16:57:41 pm »
Тоа е скапа работна рака ...

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Toyota Corolla ili Honda Civic 2009ta
« Одговори #6 на: 25 Мај 2012, 17:10:24 pm »
Тоа е скапа работна рака ...

Ама затоа најскапото масло е 450 денари литар,  :) Тојота бренд кое тера (според книга 15.000 км)

Скапа е, е сега да се пресмета колку вонредни сервиси излегуваат во просек..

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Toyota Corolla ili Honda Civic 2009ta
« Одговори #7 на: 25 Мај 2012, 17:32:48 pm »
Топло ти препорачувам Корола со 5 врати Д4Д. Не друга.

А ако сакаш да навлегуваш во водите на плинот, тогаш само Цивик 1.8. Не друга.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11734
  • Архитект
Одг: Toyota Corolla ili Honda Civic 2009ta
« Одговори #8 на: 25 Мај 2012, 18:37:45 pm »
Топло ти препорачувам Корола со 5 врати Д4Д. Не друга.

А ако сакаш да навлегуваш во водите на плинот, тогаш само Цивик 1.8. Не друга.

Корола со 5 врати од 2009 не постои. Таа се вика Аурис.


Mislam na sedan verzijata, zatoa ja sporeduvam so Corollata... Sto potrosuvacka na benzin imaat realno, ... 1.8 Honda kolku trosi , 1.6 Hondata isto, dokolku potrosuvackata na benzincite ne e golema nema potreba od dizelasi...
Za odrzuvanje isto mi e vazno, servisot na Honda koga bi go sporedile so servisov na Toyota koj e podobar i poevtin...
 Bidejki Civic i Corollata od 2009 se seuste pod garancija, a planiram i ponatamu da gi odrzuvam vo oficijalnite servisi vazen mi e oficijalniot Servis...
 Vnatresnosta mi igra uloga so opremata ama ne e odlucuvacka...
blagodaram odnapred...

Хонда немаш со 1.6 мотор. Имаш со 1.4 и 1.8.
Тој што е 1.4 не се продава во седан верзијата. Значи седан имаш само 1.8 бензин.
Тој има 6 брзини, за низ град би требало да троши 10 макс. А на отворено мислам дека паѓа потрошувачката многу. Мислам дека 6 е просечна на отворено, без малтретирање.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Toyota Corolla ili Honda Civic 2009ta
« Одговори #9 на: 25 Мај 2012, 20:59:00 pm »
Земи си Хонда и не му ја думај многу многу ...

Тојота е некако безлична ... повеќе ми е за конзервативни луѓе. Хондата (мислам на хечбегот) е нешто out of space.

Инаку исти *** од аспект на квалитет ти е што и да одбереш. Знам дека не ти помогнав многу, ама тука веќе е само вкус во прашање, која кола ти се допаѓа повеќе. А за одржување исто ти е, и така не се расипуваат ;D ;D ;D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Toyota Corolla ili Honda Civic 2009ta
« Одговори #10 на: 25 Мај 2012, 22:11:13 pm »
Нема Civic Sedan со помал мотор од 1.8.
Аурис нема врска со Корола. Имаат тотално различни каросерии и сосема им е различен дизајнот внатре и надвор.

Што се однесува до дилемата:
1) Civic:
+ одличен распоред на ентериер, одличен квалитет
+ повеќе вградена опрема во основно ниво во споредба со Корола
+ поспортско подвозје
- грд и безличен надворешен дизајн, еден од трите најгрди примероци во севкупната историја на Хонда
- многу непрегледен, ако си повисок од 1.7m столбовите од напред ќе ти го претворат возењето во фрустрација бидејќи ти го блокираат видикот на најбитните агли
- помал и потесен, особено тесен на задна купа, како да е една класа помал од Корола
- преценет е, како нов така и половен. до сега не сум сретнал примерок кој реално вреди за парите
- тврдо возење

2) Corolla:
+ класичен но далеку поприфатлив надворешен дизајн
+ прегледен
+ комотен за седење и напред и позади
+ простран гепек
+ меко и удобно возење
+ има варијанти со дизел мотор
+ најквалитетно возило во класата
- сиромашно основно ниво на опрема
- не толку убав ентериер, основните модели на допир се жива пластикарија иако пластикаријата е квалитетна
- не толку стабилен во свиоци како Сивикот
- добро опремена Корола кошта колку соодветно опремен Авенсис и Акорд од исто годиште

Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Toyota Corolla ili Honda Civic 2009ta
« Одговори #11 на: 25 Мај 2012, 22:40:55 pm »
Ако не си 50+ земи си цивик. Мене королата ми е грда и ми е стари луѓе кои што седнуваат возат и стискаат 3 копчиња(за светла, за радио и за клима) и всушност тоа е и целата опрема на королата. Цивикот на пример изгледа далеку пофраерски од королата и имаш еден куп опрема кој што ќе ти го направи престојот во колата многу поинтересен. За мотори и возни својства да не прајме муабет се знае кој модел има спортски гени. Ако зимаш корола само дизел и некоја поопремена да заличи внатре на нешто, сепак коа ќе возиш ќе ја гледаш колата внатре, кај нас посилен дизел од 90 коња со убава опрема тешко дека ќе најдеш затоа што сите короли што ги глеам низ градов се со раткапни и црни рачки и ретровизори, без магленки итн. Додека секој цивик кој што ќе го видам е со еден куп опрема и не изгледа воопшто ефтино, а и моторот е 1.8 140 коња, така што удри си сам математика ;) мој фаворит е цивикот.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Toyota Corolla ili Honda Civic 2009ta
« Одговори #12 на: 26 Мај 2012, 01:55:39 am »
Нема Civic Sedan со помал мотор од 1.8.
Аурис нема врска со Корола. Имаат тотално различни каросерии и сосема им е различен дизајнот внатре и надвор.
Ne bas, poprecrtan nemoze da bide,skroz ist enterier imaat...

Inace od ovie dve vozila jas bi odlucil spored motorot,ako zemam dizel ke bide toyota, ako e benzinec honda.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Driver

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Toyota Corolla ili Honda Civic 2009ta
« Одговори #13 на: 26 Мај 2012, 02:58:18 am »
Во врска со квалитет и издржливост нема да згрешиш со ниту една од овие двете. Јас би одел на Хондата најмногу поради дизајнот и далеку поубавата внатрешност. Како што спомна некој погоре, Королата ми е многу пензионерско ауто, а и дизајнот ми е тежок промашај.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Toyota Corolla ili Honda Civic 2009ta
« Одговори #14 на: 26 Мај 2012, 10:02:06 am »
Нема Civic Sedan со помал мотор од 1.8.
Аурис нема врска со Корола. Имаат тотално различни каросерии и сосема им е различен дизајнот внатре и надвор.
Ne bas, poprecrtan nemoze da bide,skroz ist enterier imaat...
Сличен да, меѓутоа е тотално различен! Единствено нешто кое можеби е исто во ентериерот од Корола и Аурис се само воланите и пластичните решетчиња од отворите за вентилација. Сите други делови се скроз различни и различно позиционирани, почнувајќи од шалт-таблата, централната конзола, поставеноста на командите на централната конзола, поставеноста на висината на менувачот, рачната и нејзината поставеност и уште еден куп други работи.
Понатаму,  каросерски се тотално различни. Аурис е повисок, седењето е повисоко и е попрегледен од Корола. Поантаму, Корола има по еден столб од страна инапред со единечни предни стракла, Аурис има помошни столбчиња и помошни мали стакленца за подобар видик поради висината која ја има покрај главните столбови и странични стакла. Има и уште многу други разлики, кои претежно се во полза на Аурис.

Татко ми има Аурис и многу добро го познавам. Кога сакав да купувам кола за мене, бев и правев тест возење на Королата. Разликите беа евидентни уште пред да влзеам во королата, а кога ја возев имав чувство дека возам сосема различно возило.

Практично ралзиката меѓу Аурис и Корола е како помеѓу Форд Ц-Макс и Фокус Седан.




Ум шо идит отпосле не јет ум!