Балансирајте си ги гумите,пред да ги фарбате бандажите со Пластидип.
Ми затресуваше некоја гума на поголеми брзини,ај си викам ќе одам да ги балансирам бидејки оваа година не ги балансирав,иако си стоеа на бандаж и беа прописно складирани,испадна дека се јавило некое искривување бидејки лани не ми тресеа.
Се мислев каде ама викам ќе одам во Олимпико,ми се гледа како најнов и најопремен сервис,па ваљда нови машини би требало да се добри.
Двете гуми беа добри и не требаше да се вадат гумите само ги балнсираа,другите две морало да се вадат гумите за да легнат поубаво,па ај си викам што треба нека прават,само да не тресе.
Арно ама џабе се нови машините кога за жал кадарот е недоволно спремен да ги работи машините.Како што очекував уште кога видов како ѕверски ги вадат гумите јасно ми беше дека ќе ги преебат.
Ги оштетија ивиците на двата бандажи,не е ништо страшно,се решава,само добро да се исчистат и може пак да се прснат,ама едноставно зашто да биде и зошто да се ебавам.
Цело време ги гледав како се однесуваат и неможам да разберам до кај мислат да тераат со таков однос.Начинот на кои ги тркалаат,фрлаат и лупаат од машините бандажите е едноставно ѕверски.
Јас разбирам дека им е скурчено од гуми ама што сум јас крив да го истура целиот бес врз моите тркала кои ги чувам како очите.Верувам дека ќе имаа оштетувања и да не беа со Пластидип,ќе успееа да ја ебат и бојата на некои места.
Инаку Пластидипот испадна и поцврст отколку што мислев,ги перам во перална веќе многу пати и нема никакво оштетување,проблем е бидејки имаат рапава текстура и брзо се прљаат.Добро е што може да се прсне лак,а што е уште подобро може да се прсне и најобичен автолак,нема воопшто да му штети,ќе дојде и како заштита и верувам дека нема да се прљаат толку и полесно ќе се чистат,бидејки вака се и тешки за чистење кога ќе се налепи нечистотијата од плочките.
Лесно се чистат со средство за чистење бандажи,инаку без средство ќе се утепаш од трлање.
Пријатно ме изненади пластидипот,само што за жал кај нас е висока цената за почесто да си правиш експерименти.