Е вака, да објаснам на форумџииве, завршив со А-тест за фолиите и тоа од АМСМ, дечкото пред мене зборуваше за машински, еве и друго искуство од АМСМ.
Вака оди законски, предна шофершајбна затемнетост до 25%, предни стакла до 30%, задни стакла и задња шофершајбна до 100%. Одиш на технички (АМСМ) и зимаш документи (записник за вонреден/делумен технички, молба до МВР за упатување на А-тест), цена 289,00 ден. Одиш во МВР(отсек сообраќај) даваш молба, уплатница од 50,00 ден(административна такса) и документ за технички(записник), НАГЛАСУВАШ!!! дека сакаш да одиш во АМСМ на А-тест, ти даваат документ(упатница за А-тест до АМСМ скопје), одиш назад на технички(АМСМ), плаќаш 50,00 ден(административна такса) и 1200,00 ден, чекаш еден ден, и добиваш документ со кој одиш во МВР, даваш уплатница со 110,00 ден и ти внесуваат во сообраќајна, VGRADENI FOLII NA ZADNI BOCNI STAKLA I ZADNO STAKLO, и ќе ти лупнат печат
.
Комплетна цена 1699,00 денари, иначе 300 евра глоба, па видете што се повеќе исплати
.
Ова е искуство од Куманово, така оди процедурата за А-тест од АМСМ, секако останува опцијата со машински, али за форумџииве од другите градови подобра е мојата опција, ќе си завршат се во нивниот град за ден два.
На предните стакла не ставајте фолии, зошто и јас имав па морав да ги извадам за А-тест, фабричката затемнетост за Peugeot 308 беше 27% на предните стакла, така да знаете дека и на другите понови возила имате фабричка затемнетост до мах 30% на бочните стакла, така да не ни ставајте на предните.
Постои опција да ставите фолии напред после А-тестот, со послаба затемнетост, али на своја одговорност.
Поздрав до сите