Цивикот е одлична кола! Зеро ми ја овозможи таа шанса да ме повози во него
Од моја гледна точка, од надворешен дизајн на почетокот коа го видов ми беше страшно грд што уште ми е грд но не страшно. Ми треба повеќе време да го „голтнам“ залакот, Но секоја чест за храбриот потег на Хонда во поглед на дизајнот. Ретко кои марки имаат храброст да пуштат во промет ваков дизајн
Внатрешноста според мене е небо и земја со надворешнота, надвор грдосија внатре перфекција во секој поглед. Хонда и пред ова според мене прави најдобри интериери кој и овојпат го докажа тоа. Чуството како да седитиш во спејс шатл е незменливо. Добриот колорит кој нема да ми отпара очи на кокпитот го прават Цивикот одличен крузер за ноќно патување и е сосема различно од веќе виденото црвено и помаранџесто во конкуренцијата. Многу ми остави впечаток камерчето и екранот на кој се прикажува сликата бидејќи екранот е многу дискретен кога е исклучен
Но е доста непрегледен и немаш претстава до кај си.
Цивикот има доста пространа кабина како и предните така и на задните седишта и солиден багажник.
Држењето на патот е одлично, ми се допаќа што Цивикот е доста стегнат и нема никакво крцкање тропкање во кабината при возење на нашите патишта. Моторарот е доста брз и одлично ја придвижува каросеријата но му треба доста повисоки вртежи за да потегне како што треба за да се добие чуството на В-Текот што нормално ја прави потрошувачката поголема. Кога ме возеше Зеро на бордот покажуваше 10,2 со безмалку штедење што според мене тамански. Мењачот е прича за себе, лесен и многу прецизен со фантастично краток од, но мене не ни се допадна лесниот кумплуг.
Толку од мене!