Автор Тема: Toyоta-Солун  (Прочитано 10379 пати)

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Toyоta-Солун
« Одговори #30 на: 22 Мај 2012, 12:37:46 pm »
Ако се доле чкарт тогаш и нашите се исто..... 80% од нашите носат од Грција

И да носат од Африка, сеедно е зошто официјален сервис нема да си дозволи да шитка чкарт роба бидејќи има чести контроли и доволно е да нареден пат да одиш во друг Тојота сервис веднаш ќе приметат дека имаш фалц дел, не за џабе ти следуваат 5 документи и печат за било што си купил во Тојота било каде низ светот.

Проблемот е во дуќанчиња кои шиткаат фалц роба која тешко може да се примети дека не е оригинал.

Најчест показател е цената, обично Тојота сервисите ги добиваат деловите со -50% од Тојота а останатото им е маржа. Ако некој ви продава дел со попуст над 40, 50% знајте дека е фалц.


Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Toyоta-Солун
« Одговори #31 на: 22 Мај 2012, 12:43:37 pm »
каков фалц каков оригинал бре.....  ич не ве разбирам
 имаш добра марка и лоша марка. Под фалц разбирам да купиш амортизери Сакс ама да ги платиш 80 евра а секаде се 200.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Toyоta-Солун
« Одговори #32 на: 22 Мај 2012, 13:02:51 pm »
каков фалц каков оригинал бре.....  ич не ве разбирам
 имаш добра марка и лоша марка. Под фалц разбирам да купиш амортизери Сакс ама да ги платиш 80 евра а секаде се 200.

Пример, филтер за полен, моторно масло итн ги имаш под брендот Тојота genuine и можеш да ги купиш во секој овластен сервис низ цел свет за иста цена. На интернет ако начекаш можеш да ги најдеш 20, 30 а можеби и 40% поефтино него овластен дилер, најчесто на интернет продаваат и овластени дилери.

Е сега, постојат истите во фалц изведба и тешко можеш да ги приметиш, најчесто се продаваат по дуќанчиња и во неовластени сервиси итн итн. И овие се со попуст над 50, 60% што автоматски ги прави фалц или нешто не е во ред со нив, крадени итн.

После тоа имаш други разни заменски марки со различен квалитет, ама мислам дека за нив воопшто не правиме муабет...Туку само за Тојота genuine делови.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Toyоta-Солун
« Одговори #33 на: 22 Мај 2012, 13:06:13 pm »
Тоа е во ред...... но можеш да земеш филтер кој го произведува друг производител кој би бил соодветно квалитетен како оригиналниот

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Toyоta-Солун
« Одговори #34 на: 22 Мај 2012, 13:12:51 pm »
Тоа е во ред...... но можеш да земеш филтер кој го произведува друг производител кој би бил соодветно квалитетен како оригиналниот

Јас не верувам на тие реклами. Секој производител кога го создал моторот ги одбрал и најоптималните делови за него за да осигура најдолг век на траење. Можеби на изглед гледа исто, ама со тек на време (можеби и незабележително) ќе се појави последица од користење на заменски делови. Ни најмало штрафче не практикувам да ставам ако не е OEM.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Toyоta-Солун
« Одговори #35 на: 22 Мај 2012, 13:15:26 pm »
значи јас кога менував амортизери требаше да земам ОЕМ кои ги произведува некоја нонаме фирма во Полска наместо марка како KYB, Boge, Monroe......

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Toyоta-Солун
« Одговори #36 на: 22 Мај 2012, 13:19:51 pm »
OEM e OEM, drugoto moze i da e podobro od OEM. Zavisi kolku ke platis be.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Toyоta-Солун
« Одговори #37 на: 22 Мај 2012, 13:33:46 pm »
Едноставен пример. TRW горна вилушка за Алфа е поефтина од TRW горна вилушка за Alfa која го има жигот и парт намберот од Alfa, за некои 10-15%. Ист продукт, со ист квалитет на изработка, од иста трака симнати. Јас би го прескокнал жигот без никаков проблем.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Toyоta-Солун
« Одговори #38 на: 22 Мај 2012, 13:52:17 pm »
арно вика симо, се согласувам апсолутно.

Јас не верувам на тие реклами. Секој производител кога го создал моторот ги одбрал и најоптималните делови за него за да осигура најдолг век на траење. Можеби на изглед гледа исто, ама со тек на време (можеби и незабележително) ќе се појави последица од користење на заменски делови. Ни најмало штрафче не практикувам да ставам ако не е OEM.

што сакаш да кажеш?? дека пример, пк каиши произведени од конти тек/континентал се разликуваат кај БМВ оем и кај застапникот за конти......се разликуваат само во жигот БМВ и во значително поголема цена.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Toyоta-Солун
« Одговори #39 на: 22 Мај 2012, 14:05:18 pm »
Маркетинг луѓе маркетинг .... си го прави своето ;D ;D ;D

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Toyоta-Солун
« Одговори #40 на: 22 Мај 2012, 14:20:51 pm »
арно вика симо, се согласувам апсолутно.

Јас не верувам на тие реклами. Секој производител кога го создал моторот ги одбрал и најоптималните делови за него за да осигура најдолг век на траење. Можеби на изглед гледа исто, ама со тек на време (можеби и незабележително) ќе се појави последица од користење на заменски делови. Ни најмало штрафче не практикувам да ставам ако не е OEM.

што сакаш да кажеш?? дека пример, пк каиши произведени од конти тек/континентал се разликуваат кај БМВ оем и кај застапникот за конти......се разликуваат само во жигот БМВ и во значително поголема цена.

Тоа не е заменски дел, тој спаѓа во ОЕМ категорија бидејќи со ништо не се разликува освен жигот.

Заменски дел е најчесто нонејм производство или марка со помал квалитет кој ниту се вградува во автомобилот ниту според овластен сервис може да се намонтира...Такви имаш еден куп од филтри до каиши кои пасуваат, се поефтини но далеку понеквалитетни него вистинската изведба или нешто слично како твојот случај.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Toyоta-Солун
« Одговори #41 на: 22 Мај 2012, 14:23:43 pm »
еее така де, се разбираме сега......затоа поарно кажи што точно бараш и која марка, пошто знае да се случи некои делови да имаат многу малку разлика во цена кај нас и во солун.