Јас кога возам туѓа кола сегоаш имам на ум ако нешто се случи и ја оштетам дека јас ќе ги сносам материјалните, покрај другите, последици. Исто очекувам и кога некому ќе ја дадам колата, доколку направи некоја ситуација дека за истото ќе ги сноси материјалните последици во целост.
Избегнувам да ја дадам колата, и не само колата туку било што (лаптоп, мотор, алат), на некој кој неможе или не е подготвен да ги покрие трошоците доколку нешто упропасти. Исто така избегнувам да земам на користење предмети кои постои шанса да ги оштетам, а немам можност да ја платам штетата.