Со оваа модификација на свеќица се подобрува согорувањето на смесата,ваква свеќица возам на моторот и истиот пали и работи подобро од предходно.
Со помош на дремел ја сечеме свеќицата паралелно со работ на електродата,внимателно без да ја оштетиме истата.
Со турпија ги отстрануваме острите агли од сечењето.
Потоа со шпиун под агол од 45* го местиме зазорот за 0.50мм помалку од пропишаното,
разлика помеѓу обична и модифицирана свеќица,со модифицираната свеќица добиваме насочена искра кон комората на главата а со тоа и подобро согорување,кај некој случаеви и намалена потрошувачка.