Јас ти пренесувам реално искуство за поминати ~25-30.000 километри со реплика. Километри поминати по секакви патишта (од никакви Скопски до прекрасни Европски, па и еден куп километри поминати по земјен/непостоечки пат).
Да, репликата може да биде ѓубре. Еден познаник купи реплики за неговиот Голф 6, не успеа никаде во Скопјево да ги избалансира убаво и тресеа. На крај ги продаде пошто начека оригинали од Golf GTD за смешна цена.
Али ете, ти кажувам дека репликата може да биде сосема добра.
Аргумент е валиден ако е базиран врз некакво искуство со конкретен производ. Ако аргументот е дека „срање се пошто некој не ги купил“ (а ти тоа го кажуваш), тогаш на аргументот му фали логика.