Од Демир Капија после тунелот, каде што се почнува автопатот во правец накај Скопје, треба да се внимава до надвозникот пред Термоцентралата кај Неготино.
Штом се помине тој подвозник, односно штом ја видиш Термо Централата од десна страна. Цапај до Скопје без гајле.
Додека си на таа делница Демир Капија - Неготино, вози не повеќе од 90 и држи ја линијата од крајната десна лента на средина од кола. Со левото тркало во средната лента, со десното во крајната десна лента. Нема да имаш проблем.
Внимавај особено на испакнувањата или длабнатините, кои се најизразени на правецот пред Неготино. Лесно ќе ги увидиш затоа што има црни траги од гуми на нив. Но ако возиш 90 нема да има никаков проблем кога ќе наидеш на нив и малку да успориш.
Не е фората дали имаш здрави или лоши амортизери, не е пријатно возењето на таа делница и ако возиш мали деца воопшто не е пријатно за нив. Со 90 на саат сите тие потскокнувања се подносливи и тоа возење трае околу 12-15 минути.