Нема од каде да излезе таква улица и да се спои со кружниот. Ремедика не е одма до кружниот тек. Треба да се копа да се пусти и да се фати дел од зелениот појас. Да се буткаат дрва итн. Не било така планирано пошто веќе земјата и ридчињата што ги нафрлаа од страна ги израмнија и посадија трева така да тешко таа работа.
До душа тука и не е некој голем проблем, немало тука нешто сообраќајки, многу ретко. Глупа е ситуацијата што ако идеш ти од амбуланта и сакаш да одиш према железара односно да свртиш полукружно назад а некој од таму што сака да иде према ремедика/амбуланта сече врти косо треба да се договориш со него дали ќе те помине од десно или ќе го почекаш да помине па ќе подизлезеш за да свртиш. Генерално нема голем проблем само што е глупо изведено.