Обиколницата е супер-корисна, не дека не е, ама треба да се навикнат луѓето (и да се мотивираат) да ја користат.
Си приметил каков е никаков излезот за обиколница ако доаѓаш од Куманово рецимо? Blink & you'll miss it. Плус, сите шпедитерски компании и царински терминали се во Скопје, не околу Скопје. Да се преместат сите тие надвор од Скопје, некаде на обиколница и камионите да нема потреба да влегуваат во град - па тоа би било одлично. Истото важи и за меѓуградската автобуска станица.
Требаше автобуската да се направи надвор од Скопје, со директна и редовна (рецимо на секои 30 минути) автобуска линија до центар на Скопје (или до железничка, свеедно, иако железницата ни е нај нерелевантен начин на транспорт во државата). Колку ќе беше поубаво ако 200 автобуси на ден НЕ влегуваа во Скопје и НЕ проаѓаа по сите улици.
Елиминирај ги автобусите и камионите, и добар дел од транзитниот сообраќај, и многу работи ќе се сменат. Вака на луѓето не им е покажана причина да ја користат обиколницата.
Плус, да не праиме муабет дека излезите за на обиколница се многу ретардирано направени. Излезот на обиколница во Ѓорче е најверојатно единствениот во свет каде што на обиколница се излегува од брзата, лева лента, а од излезот од обиколница во Скопје се влегува во брзата, лева лента.