на ваков пат, во грција има лимити помеѓу 90 и 110 за возење... ај да видиме кај нас колку келимитираат, наместо досегашните 40-60...
Ако го прочитавте текстот, ке видевте дека од Градско до село Дреново ограничување ке биде 100 км/ч, а додека од село Дреново до село Раец, поточно тоа е дреновската клисура, оној најтесниот дел од тој пат каде што се наога и тоа тунелчето, е тука ке биде 80 км/ч.

Исто така во мојот претходен пост, најпрвин го наведов линкот од проектот. Од 2012 е проектот во кој се предвидело како треба да изгледа.
Значи до село Раец експресен пат. Значи само до село Раец ке има експресен пат.
Од село Раец до првиот каменолом имаме 3 ленти пошто е успон. Тоа веке нема да го чепкаат.
После првиот каменолом, делот кај село Тројаци се спомнува нешто ревитализација на двете постојни ленти, односно и таму додавање најверојатно само на уште една лента за нагоре или пак проширување на постојните пошто се тесни и потоа изградба на експресен пат од мост на ленишка река до влез на Прилеп.
Ете вратете се на мојот претходен пост, отворете го проектот.
Едит: Ако забележавте, од Градско до клучка Дреново, на друга траса ке биде патот, нема постојниот пат од Градско до Дреново да се шири, туку нов ке се прави.
