Совет, Eibach или H&R, интернет или Грција! Ова ако спушташ 30-40mm. Не мора во прво време амортизери да менуваш, но овие амортизери нема да издржат 80-100-тина иљадарки, со такви тврди и ниски спирали, па рачунај дека побрзо ќе ги смениш. Секако дека многу подобро е да ги смениш комплет,но дури и eibach викаат дека не мора да се сменат ако одиш со нивните про-кит (до 35мм). Јас на Стилото сменив прво спирали, па извозев некои 20-30.000 пред да сменам и амортизери. Амортизери ако менуваш: Bilstein, кои обично одат и во китовите за спуштање на Eibach i H&R, Koni, и нешто поефтините KYB, од кои сум на стилото презадоволен!
Секако тука е и опцјата со coilovers или амортизери со пружини на кои се подесува висината, тука можеш да си играш, но рачунај дека на многу коли со промена на висината - често треба да се оди и на проверка на геометријата на тркалата (центрирање по нашки). Па ако сакаш многу да си играш, ќе треба често и центрирање да праиш
Нема да зажалиш кога ќе ја спуштиш - тоа ти гарантирам