Автор Тема: Влечење на тежок товар со автомобил  (Прочитано 10077 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Влечење на тежок товар со автомобил
« на: 29 Април 2012, 15:22:54 pm »
Често се случува да треба да се влече нешто со возилото, дали е тоа товарна приколка, капм приколка, друго возило, глисер и слично. Но, ние не сме амеркианци со 16.000 кубни мотори и соодветен куплунг па да не се замараме со она кое го влечеме. Се ближи лето и се оди на разни места, па да подискутираме.



1. Кога се влече товар, се треба да се одвива со приближно половична брзина. Значи ако може во кривината да се вози со 50, треба да се влезе со околу 30. Исто и за тргнување и застанување. Се полека и нежно.

2. Потребна е употреба на соодветен мотор и возило.

3. Потребен е различен стил на возење.

За помали работи немало никаков проблем со влечењето, но последниве години се јавува мал проблем. Конкретно се работи за опел астра Г 2.0 ДИ со 82 кс. Силата на моторот не е проблематична. Но куплунгот е. Истиот попушта после 20.000 кога се влече голема приколица еднаш во годината. Чуден е делот што јас не сум имал случај кај возило (и оние што влечат редовно) да треба да се менува сет на куплунг на помалку од 100.000км. Моторот трпи и ремап, ама тоа може да навлече уште поголем проблем кај куплунгот.

За оваа година е предвидено да се промени стилот на возење со возење на високи вртежи постојано. Значи никогаш да не паѓа под 3000 вртежи влечењето, освен при тргнување и константна брзина. Тоа според мое размислување треба да ја пренесе истата сила, но под двојно повеќе вртежи, а со тоа е оптеретувањето на куплунгот да е половично. Со други зборови менување над 3500 вртежи.



Дали сте влечеле нешто со автомобил и какви се вашите искуства. 8)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: Влечење на тежок товар со автомобил
« Одговори #1 на: 29 Април 2012, 15:26:10 pm »
Ја не сум влечел, а и што знам, мислам дека има довољно животни кај мене под хауба да не ја оптеретат ламелата..
Иначе, добри советчиња ...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Влечење на тежок товар со автомобил
« Одговори #2 на: 29 Април 2012, 15:29:34 pm »
Кавадарци-Демир Хисар,БМВ-то со 4 луѓе,голема приколка со миниум 500кг товар,си одеше најнормално,Плетвар под 100км/х не беше пуштено,освен на 3-4 кривини кои се поголеми :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Влечење на тежок товар со автомобил
« Одговори #3 на: 29 Април 2012, 15:32:48 pm »
Ја не сум влечел, а и што знам, мислам дека има довољно животни кај мене под хауба да не ја оптеретат ламелата..
Иначе, добри советчиња ...
Затоа и реков треба посебен стил на возење. :) Повеќе коњи немора да значи дека е подобро (ремапот).

Кавадарци-Демир Хисар,БМВ-то со 4 луѓе,голема приколка со миниум 500кг товар,си одеше најнормално,Плетвар под 100км/х не беше пуштено,освен на 3-4 кривини кои се поголеми :)
Зборувам за возење на тажок товар. 500кг не спаѓа во тежок товар. :) Конкретно приколката за која зборуваме е тешка ~1500кг (натоварена 1700). Со 4 души внатре и 200кг багаж. И аеродинамика = 0.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Влечење на тежок товар со автомобил
« Одговори #4 на: 29 Април 2012, 19:09:53 pm »
Prikolka se vlece max 80 na saat. Povekje ne e bezbedno.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Влечење на тежок товар со автомобил
« Одговори #5 на: 29 Април 2012, 19:17:02 pm »
А момче, за физика си чул или не?
Таа приколка од 2 тона не е коцка, јес да има рамен кров, али има и точкови нели?
Затоа и се измислени...
Рече не си пробал приколка да придвижиш сам...Пробај, ете некоја од тие најбатал приколките, оние на Треска...
Мислам пошто си овака фин момак, нема да ти биде проблем и до Сарај до Езерце да ја буткаш сам...
Е сега ова зборувам за на рамно...
Кога се во прашање нагорнини и слично, малку е оптоварување на возилото заради тежината и слите (ова од физика законите, и верувам дека и овде важат)...
И со новиве возила верувам дека нема да има никаков проблем...
Зошто? Затоа што на времето кога постоеле тристач, стокец, лада, пезеец итн, нашите родители среќни и весели заминувале на Јадран преку Космет, преку најлошите патишта за возење со камп приколки Адриа, оние поимушните, и Треска оние голтарите :D па ако не го знаеш патот како изгледа, можам да ти кажам во следниот пост, поготово кањонот Морача итн...И на ниеден не му рикнала кола од тоа...Единствено ако не ја прегреал некој, а обично тоа се случува на шофери кој не знаат да ја усладат брзината и преносот на возилото при влечење на дополнителен товар, или па и не мора да е со товар...
Ете и без приколка ти можеш да ја товариш колата како магаре и да ти е пооптеретена...
Е сега аеродинамиката има врска, но јас не се разбирам толку многу...Прашај некој поуптен да ти образложи околу тоа... Пошто камп приколка е налик на куќа со рамен кров, права коцка но на колца :) или тркала, па незнам како влијаат ветровите и останатите срања околу тоа.

@bugar...
јас мислев дека ке кажеш паметна работа, да ме изненадиш, а ти, оп, едно две и пак глупост...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Влечење на тежок товар со автомобил
« Одговори #6 на: 29 Април 2012, 19:38:06 pm »
Kolku sto znam max. brzina e 80 na saat. Tie trkala na prikolkite najcesto nosat gumi koi se do 100 na saat.
Kazuvam za prikolku onie malite so sator. Taka sum imal i vo upatstvoto pisuvase taka. Ja ne sum ja konstruiral.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Влечење на тежок товар со автомобил
« Одговори #7 на: 29 Април 2012, 19:41:42 pm »
Добро бе па ти, одма се љутиш..Точно е дека за безбедност движењето со приколка е со ограничена брзина :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Влечење на тежок товар со автомобил
« Одговори #8 на: 29 Април 2012, 20:01:27 pm »
Zatoa sledna rabota e stavanje na Gumi do 200 na saat i cepaj misko !!!! HA HA HA HA HA

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Влечење на тежок товар со автомобил
« Одговори #9 на: 29 Април 2012, 20:23:23 pm »
Ако често мислиш да влечеш приколка, размисли за корпа и ламела (сет) која е "uprated", можеби пасува и од друг модел со повеќе снага од истото возило...
(тогаш може и ремапче да доде и тоа умерено, ориентирано на вртежен момент) :)
Што се однесува до менувањето на повисоки вртежи за да се намали обртниот момент, мислам дека не ти е потребно (исто не знам колку е паметно), подобро да го ограничиш ноџето на 1/3-1/2 гас, а како се зголемуваат вртежите, може повеќе да притиснеш. Со тоа ќе го намалиш моментот на сила на моторот.. Крајна внимателност, ниски брзини. Ако наидеш на силен бочен ветер на надвозници и провевни места, намали ја брзината уште за неколку десетици километри, од онаа со која возиш.

Пушти го возилото полека да тргне, не го „јавај“ куплунгот..

За друго немаш гајле. ЌЕ те пцујат од Top Gear ама тоа е тоа...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Влечење на тежок товар со автомобил
« Одговори #10 на: 29 Април 2012, 21:40:32 pm »
Kolku sto znam max. brzina e 80 na saat. Tie trkala na prikolkite najcesto nosat gumi koi se do 100 na saat.
Kazuvam za prikolku onie malite so sator. Taka sum imal i vo upatstvoto pisuvase taka. Ja ne sum ja konstruiral.
Камп приколките со шатор БРАКО сум ги возел многу често. Ама тие се 500кг, еве 600. Им ставав гуми од веспа кои се за половина од тежината и 100кмч. Како и да е приколката беше товарена до максимум, а брзината на движење (зависно од колата) неретко надминуваше и 140кмч. Во рамките од 10 години константна употреба, гумите беа како нови. Ниту се дупнале ниту ништо. Клучот е вистинскиот притисок. :)



А за големиве приколку гумите се за бајаги над 100 кмч. Уствари се стандардни за кола. Ретко да се за под 160кмч.

@Simo Нека пцујат Топ Геар, ама генерално патчињата во поглеомиот дел се со повеќе од една трака, така да не пречи воопшто. А да не збируваме за откога ќе искочиш од МК, и влезеш во една вистинска држава како Грција... Сонце те огрева и тебе и 4те ленти во една насока, помогнати од лентата за застанување. :) :) :) :) :) Како и дозволената брзина од 130кмч.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Влечење на тежок товар со автомобил
« Одговори #11 на: 29 Април 2012, 21:45:53 pm »
@Deni vo Bugarija sega dozvolija na avtopat do 140 !

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Влечење на тежок товар со автомобил
« Одговори #12 на: 29 Април 2012, 21:49:04 pm »
Да се живи и здрави. Не сум бил во Бугарија одамна.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4200
Одг: Влечење на тежок товар со автомобил
« Одговори #13 на: 29 Април 2012, 21:57:49 pm »
еднаш со zx-от влечев фелиција од ново лисиче до кај млечен негде,мислам дека и ја и колата се измучивме,што мука видов на тргање у пм.никад више,фала богу сега и забрането е влечењето

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Влечење на тежок товар со автомобил
« Одговори #14 на: 29 Април 2012, 21:59:05 pm »
еднаш со zx-от влечев фелиција од ново лисиче до кај млечен негде,мислам дека и ја и колата се измучивме,што мука видов на тргање у пм.никад више,фала богу сега и забрането е влечењето
Ама сајла мора да имаш во опрема :D (веројатно за да се обесиш од мака!) :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.