Знам , гледано ми е.
После Клиф, Металика најмногу бараа "stage presence" и енергија во басистот, а ако попат се погоди виртуоз и му мрдаат прстињата... тоа е само бонус.
Кога Џејсон беше избран за басист во 1986/7, на аудицијата се пријавил и Les Claypool од Primus и не го доби местото, а Les е приказна за себе како басист и може часови по бас да му дава на Џејсон..но, се покажа дека не згрешиле.
На втората аудиција за басист ( ако си ја гледал), Роб Трухиљо беше убедливо најдобра опција и нема муабет тука... но:
- ниту ја има техниката и виртуозноста на Клиф Бартон..
- ниту го има неговото неговото музичко познавање и композииторски инпут ( се што до црниот албум те ежи од нивната музика е смислено од Клиф Бартон ...и тоа и тоа како се осека и фали во нивната музика после неговата смрт..)
- ниту има stage presence како Џејсон..
Рака на срце, Роб ооодлично ги стегна и заштрафи музички откако влезе во бендот, бидејќи после заминувањето на Џејсон, беа пред распад...музички, ментален и физички.
Треба посебна тема за вакви бендови...јбг...
