Песните на Beasty Boys, Prodigy и Каније Вест се прогласени за композиции кои се најопасни да се слушаат додека човек вози автомобил, објави магазинот New Musical Express - NME.
Најбезбедни нумери за слушање се на изведувачите Адел, Џек Џонс и Coldplay, покажа истражувањето на Halfords. Учесниците во анкетата биле прашани дали при возењето им се менува расположението во зависност од музиката која ја слушаат, а 60 отсто од нив одговориле потврдно.
Меѓу песните, кои се ставени во категоријата нумери кои ќе го наведат возачот да ја зголеми брзината или да вози поагресивно се Beastie boys –Sabotage, Prodigy - Fire starter, Papa roach – To be loved, Каније Вест – Stronger и Рахманинов – Prelude in C Sharp Minor. На прашењето кои нумери им делуваат смирувачки, возачите меѓу првите пет ги вброиле Вивалди – Четири сезони, Џек Џонс – Breakdown, Адел - Someone like You, Coldplay – Yellow, Fleetwood Mac – Landslide.
Па секако да ги преслушаме песните. Прво тие кои вознемируваат.
А сега и тие кои би требало да не смират.