Нигде не реков дека е нешто чудно или неизводливо
Само посакав среќа, бидејќи „дифолт“ психологија би те терала да бараш „источњачко“ ауто, кога ќе се спомнат годините „раат“, пошто нели, француските и италијанските „се расипуваат“. Од источњачките, освен Круз, друга лимузина дизел, тешко веројатно, а од европските, ги имаме Флуенс и Линеа (што е нели троа помала), во тој ценовен ранг, со дизел мотори.
Моторот на Крузот е драстично помоќен, али колку што разбрав, тоа не му е битно на купувачот. Претпоставувам дека е можно и двете да се земат за околу 16000, така да, најдобро би било, купувачот да си ги проба двете возила, па да види кое повеќе ќе му одговара. Мислам дека Флуенсот е покомфорен од Круз (али не знам сигурно, не сум возел нити сум се возел со Флуенс), па може тоа ќе му одговара повеќе на човекот што тера накај 50ка.