Колата сака да дише исто како живо суштество. И сака тоа да го прави непречено. На пример, ставете растурено марамче преку устата и речиси да не чувствувате отпор. Но навлажнете го или здиплете го и одма се чувствува отпор при вдишувањето. Ситуацијата кај моторот воопшто не е поинаква.
Воздушниот филтер е една од неопходните компоненти кај моторите со внатрешно согорување. Доколку не сте во затворен простор каде што нема прашина, вашата цел е ефикасен тенок филтер, не е извалкан, замастен и зачепен. Ова царството на спортските филтри и индукционите системи за ладен воздух.
По интензивно пребарување, споредби, тестови и искуства, се дојде до заклучок дека филтер со намаслена памучна газа и штит за честички дава најдобри резултати во однос пропусност/филтрација.
Многу слични резултати даваат и сунѓерестите филтри и сеуште постои голема битка меѓу производителите на двата различни типа за тоа кој е подобар.
Тенкиот слој на масло (не моторно) значајно придонесува за филтрацијата.
Има доста случаи маслото од филтерот да го замасти МАФ (mass air flow) сензорот, па затоа треба доста да се внимава да не се претера при намаслувањето. Исто така пожелно е повремено чистење на МАФ сензорот.
Колку поголема е површината на филтерот, толку поголем е протокот на воздух, а со тоа и помал отпорот при вшмукување. Некои тунери кои живеат на места каде што има премногу прашина (пустини?!?) едноставно го модифицираат системот и ставаат хартиени филтри од мотори со доста поголема зафатнина и активна површина (пример на мотор со зафатнина од 2.0L да му се стави филтер од мотор со 3.5L). Како и да е, за повеќето коли може да се купат системи кои комплетно го заменуваат стариот филтер, куќиштето за филтерот и цевките.
Добивката е доста подобар проток на воздух, бидејќи во случајов, системот е дизајниран од инженери кои го земале во предвид и нивото на бучава (‘ржење)на моторот и други „удобности“, а не само протокот на воздух.
Системите за довод на ладен воздух се евтин начин да направите моторот звучи диво.
Кај колите со мотор со мала зафатнина, инсталирањето на ваков систем може да резултира со губење на перформанси (доколку нема турбо) па затоа во овој случај најдобра опција е вградување на спортски филтер (памучен, сунгерест...) кој е директна замена на фабрички препорачаниот филтер.
Вшмукување на жешкиот воздух од под хаубата е многу добар начин да се изгуби на сила. Затоа доводот на воздух треба да биде од надвор т.е. поладен воздух = повеќе кислород = поцелосно согорување.
Подобрите системи доаѓаат со инсталација за довод на ладен воздух и штитови кои заштитуваат од топлината на моторот.
Поставувањето на отворот за довод на ладен воздух напред на/во браникот за да се искористи притисокот на воздухот што се создава при движењето е добар начин за собирање голема колекција на флора и фауна на вашиот филтер особено инсекти !!!
Единствена придобивка од овој тип на инсталација е ладниот воздух, а не притисокот (РАМ ефектот) што се создава пред колата кога е во движење, бидејќи ова навистина почнува да делува при брзини над 180km/ч.
ВНИМАВАЈТЕ каде го поставувате системот, филтерот, цевките... затоа што најмалку што сакате е да повлече вода и таа да заврши во цилиндрите на моторот.
Филтрите кои се затворени во кутија (обично цилиндер) со довод на ладен воздух даваат најдобри резултати, избегнувајќи ја топлината од околината на моторот. (Кутиите од јаглеродни влакна се добар избор поради нивната издржливост и изолација). Помага и изолацијата на издувната грана.
ФАКТ: Отворите на хаубата и страничните жабри не само што изгледаат убаво туку многу помагаат во одливот на жешкиот воздух од моторот.
Произведувачите на афтермаркет системи за довод на воздух често ветуваат масивни добивки на сила. Но реалноста не е толку розова. Кај моторите со мала зафатнина добивка на сила речиси и да нема. Добивките обично се на повисоките вртежи, на сметка на ниските.
ЗАКЛУЧОК: Доколку имате кола со 2.0L плус зафатнина и/или мотор со добар вртежен момент при ниски и средни вртежи, вградете систем за довод на ладен воздух. Доколку имате мотор со мала зафатнина со малку сила при ниски вртежи заменете го обичниот филтер со ист таков спортски филтер.
www.tuning.mk