Автор Тема: Системи за довод на ладен воздух  (Прочитано 19416 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Системи за довод на ладен воздух
« на: 27 Февруари 2011, 14:07:37 pm »
Колата сака да дише исто како живо суштество. И сака тоа да го прави непречено. На пример, ставете растурено марамче преку устата и речиси да не чувствувате отпор. Но навлажнете го или здиплете го и одма се чувствува отпор при вдишувањето. Ситуацијата кај моторот воопшто не е поинаква.
Воздушниот филтер е една од неопходните компоненти кај моторите со внатрешно согорување. Доколку не сте во затворен простор каде што нема прашина, вашата цел е ефикасен тенок филтер, не е извалкан, замастен и зачепен. Ова царството на спортските филтри и индукционите системи за ладен воздух.
По интензивно пребарување, споредби, тестови и искуства, се дојде до заклучок дека филтер со намаслена памучна газа и штит за честички дава најдобри резултати во однос пропусност/филтрација.
Многу слични резултати даваат и сунѓерестите филтри и сеуште постои голема битка меѓу производителите на двата различни типа за тоа кој е подобар.
Тенкиот слој на масло (не моторно) значајно придонесува за филтрацијата.
Има доста случаи маслото од филтерот да го замасти МАФ (mass air flow) сензорот, па затоа треба доста да се внимава да не се претера при намаслувањето. Исто така пожелно е повремено чистење на МАФ сензорот.
Колку поголема е површината на филтерот, толку поголем е протокот на воздух, а со тоа и помал отпорот при вшмукување. Некои тунери кои живеат на места каде што има премногу прашина (пустини?!?) едноставно го модифицираат системот и ставаат хартиени филтри од мотори со доста поголема зафатнина и активна површина (пример на мотор со зафатнина од 2.0L да му се стави филтер од мотор со 3.5L). Како и да е, за повеќето коли може да се купат системи кои комплетно го заменуваат стариот филтер, куќиштето за филтерот и цевките.
Добивката е доста подобар проток на воздух, бидејќи во случајов, системот е дизајниран од инженери кои го земале во предвид и нивото на бучава (‘ржење)на моторот и други „удобности“, а не само протокот на воздух.
Системите за довод на ладен воздух се евтин начин да направите моторот звучи диво.
Кај колите со мотор со мала зафатнина, инсталирањето на ваков систем може да резултира со губење на перформанси (доколку нема турбо) па затоа во овој случај најдобра опција е вградување на спортски филтер (памучен, сунгерест...) кој е директна замена на фабрички препорачаниот филтер.
Вшмукување на жешкиот воздух од под хаубата е многу добар начин да се изгуби на сила. Затоа доводот на воздух треба да биде од надвор т.е. поладен воздух = повеќе кислород = поцелосно согорување.
Подобрите системи доаѓаат со инсталација за довод на ладен воздух и штитови кои заштитуваат од топлината на моторот.
Поставувањето на отворот за довод на ладен воздух напред на/во браникот за да се искористи притисокот на воздухот што се создава при движењето е добар начин за собирање голема колекција на флора и фауна на вашиот филтер особено инсекти !!!
Единствена придобивка од овој тип на инсталација е ладниот воздух, а не притисокот (РАМ ефектот) што се создава пред колата кога е во движење, бидејќи ова навистина почнува да делува при брзини над 180km/ч.
ВНИМАВАЈТЕ каде го поставувате системот, филтерот, цевките... затоа што најмалку што сакате е да повлече вода и таа да заврши во цилиндрите на моторот.
Филтрите кои се затворени во кутија (обично цилиндер) со довод на ладен воздух даваат најдобри резултати, избегнувајќи ја топлината од околината на моторот. (Кутиите од јаглеродни влакна се добар избор поради нивната издржливост и изолација). Помага и изолацијата на издувната грана.
ФАКТ: Отворите на хаубата и страничните жабри не само што изгледаат убаво туку многу помагаат во одливот на жешкиот воздух од моторот.
Произведувачите на афтермаркет системи за довод на воздух често ветуваат масивни добивки на сила. Но реалноста не е толку розова. Кај моторите со мала зафатнина добивка на сила речиси и да нема. Добивките обично се на повисоките вртежи, на сметка на ниските.
ЗАКЛУЧОК: Доколку имате кола со 2.0L плус зафатнина и/или мотор со добар вртежен момент при ниски и средни вртежи, вградете систем за довод на ладен воздух. Доколку имате мотор со мала зафатнина со малку сила при ниски вртежи заменете го обичниот филтер со ист таков спортски филтер.

www.tuning.mk
« Последно менување: 27 Февруари 2011, 14:22:31 pm djidji »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Системи за довод на ладен воздух
« Одговори #1 на: 27 Февруари 2011, 14:13:25 pm »
Супер е текстот, само треба малку да се одвојат пасусисте поради полесно читање. И најбитно, да се наведе изворот и доколку постои директен линк од текстот. Сепак, ако не поради друго тогаш од морални причини, треба да се даде кредит на авторот.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Системи за довод на ладен воздух
« Одговори #2 на: 27 Февруари 2011, 14:14:31 pm »
Сепак, ако не поради друго тогаш од морални причини, треба да се даде кредит на авторот.

Можда човекот е на претплата...Не е на припејд... ;D

p.s. Мала шега ;D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Системи за довод на ладен воздух
« Одговори #3 на: 27 Февруари 2011, 14:19:02 pm »
Супер е текстот, само треба малку да се одвојат пасусисте поради полесно читање. И најбитно, да се наведе изворот и доколку постои директен линк од текстот. Сепак, ако не поради друго тогаш од морални причини, треба да се даде кредит на авторот.

Се мислев, ваљда нема да го сватат како рекламирање? (Мислев на нашиве, пошто на авторот посекако му одговара) :)
« Последно менување: 27 Февруари 2011, 14:24:35 pm djidji »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Системи за довод на ладен воздух
« Одговори #4 на: 27 Февруари 2011, 15:23:47 pm »
По мое лично мислење, најдобар филтер за воздух би бил BMC CDA (Carbon Dynamic Airbox)!

http://www.bmcairfilters.com/carbon-dynamic-airbox_prd_pr3_4_1.aspx


Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Системи за довод на ладен воздух
« Одговори #5 на: 05 Март 2011, 23:26:32 pm »
Абе djidji па каша-попара не прајш со овие препораките те КН те сега БМЦ...  ај одлучи се :) Па шо ќе им прајш на парите од хонорарите од рекламите за масла, адитиви, а еве сега и за филтри? :)
BDW Ги има овие БМЦ модификации кај нас и дали се трајно решение или времено?
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Системи за довод на ладен воздух
« Одговори #6 на: 06 Март 2011, 12:41:43 pm »
Djidji  дали знаеш од која кола би можел да пасира усисникот за воздух за мојата астра? Се разбира мислам со поширок усисен дел како би се зголемила количината на доводниот воздух
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Системи за довод на ладен воздух
« Одговори #7 на: 06 Март 2011, 21:05:50 pm »
Abe ako sakas diftarsko da bide, mozes da pomines so nekoe staro debelo usisno crevo :) ke stavam ja utre kaj mene, pa ke slikam i ke vi pokazam

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Системи за довод на ладен воздух
« Одговори #8 на: 06 Март 2011, 21:08:46 pm »
Би требало да има инка напред за да има притисок мал и да го турка воздухот наназад низ цефката.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Системи за довод на ладен воздух
« Одговори #9 на: 06 Март 2011, 22:11:34 pm »
da de... usisnjak, kako inka... za domashna upotreba... :)

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Системи за довод на ладен воздух
« Одговори #10 на: 06 Март 2011, 22:32:30 pm »
Јас многу добро знам како да го направам но тоа сепак ќе е импровизација. Затоа и прашав од кое друго возило најлесно би се прилагодил усис на астра г. Претпоставувам дека би требало да е од возило со поголема моќност т.е. преку 2000 ccm. (по она што најдов на интернет по се изгледа најдобар избор е усисна од вектра ц)
« Последно менување: 06 Март 2011, 22:48:29 pm proff »
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Системи за довод на ладен воздух
« Одговори #12 на: 11 Април 2011, 21:14:53 pm »
Јас многу добро знам како да го направам но тоа сепак ќе е импровизација. Затоа и прашав од кое друго возило најлесно би се прилагодил усис на астра г. Претпоставувам дека би требало да е од возило со поголема моќност т.е. преку 2000 ccm. (по она што најдов на интернет по се изгледа најдобар избор е усисна од вектра ц)

Усисна од Вектра Ц дизел

Part numbers.  art numbers.
Main Pipe   9177099 
Adaptor to Airbox  9177104

http://www.astraownersclub.com/documents/technical/vectra-pipe.pdf

или

Thanks so much for the guide!

A couple of things worth noting.

1) the upper radiator support is held on w/ (6) 13mm bolts

2) I felt I had a cleaner more direct system w/ less abrupt curves using just a 12" straight piece of PVC w/ a 45 degree bend at the end. I also felt that the air pick up ended in a smarter place as it didn't face the back of the plastic grill that was completely blocked off and instead was facing towards a large air pocket and an opening. It was also well ahead of the radiator where-as w/ the other arrangement it wasn't really ahead of the radiator but just barely equal instead.

I had been sucking hot engine air w/ a derestricted air box but w/ no piping at all (it's been well over 100 for weeks now) and I could definitely feel the engine slow down this summer. The motor feels noticably more peppy now w/ the piping in place and I'm happy about that.





Кажи ми само како го затвори дупчето од долната цевка што се вади со прав штрафцигер (го залепи со тефлон и изолир трака или пиштол со пластични патрони...)?


Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Системи за довод на ладен воздух
« Одговори #13 на: 11 Април 2011, 22:29:37 pm »
А тука, не е подобро да се направи некоја инка... ???

И тоа на целиот простор, помегу хладњакот и челниот лим ?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Системи за довод на ладен воздух
« Одговори #14 на: 11 Април 2011, 22:39:40 pm »
А тука, не е подобро да се направи некоја инка... ???

И тоа на целиот простор, помегу хладњакот и челниот лим ?

Подобро е со инка, само ова е поедноставно :) Иначе и ја би играл така како што викаш - по цела дужина помеѓу хладњакот и челниот лим !