Кацигата и перничињата имаат идентична задача. Да се постави мека бариера помеѓу главата и возилото. Каква врска има дали е ригидно возилото со тоа дали се користи едното или другото?
Кафезот има за задача да ги заштити патниците од нагмечување и тој треба да биде што е можно поцврст. Во тркачките возила ставаат поцврст кафез затоа што истиот треба да издржи многу поголеми судари.
„Мекоста“ на предницата може да им ја олесни работата на сигурносниот кафез и перничињата/кацигата, но тоа не е приоритетно при дизајнот туку е последица на следново. Причината зошто се прави помека од сигурносниот кафез е за по линија на помал отпор, силата се потроши со виткање на предницата, наместо на кафезот.
Старите возила не се полоши затоа што се многу цврсти, туку затоа што се цврсти на погрешно место, односно имаат премногу слаб сигурносен кафез, а многу цврста шипка на воланот.