Автор Тема: Затемнетите стакла носат високи казни???  (Прочитано 79550 пати)

Отсутен ynwaMKD

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #240 на: 05 Февруари 2026, 09:32:38 am »
Кога возилото се купува од салон, во самата фактура, декларација, хомологација или што год да е е наведено дека колата има фабрички затемнети стакла, и тоа треба да стои во сообраќајната.
Зошто?
Затоа што постојат исти такви возила кои немаат фабрички затемнети стакла.
Може да се случи:
- Купиш кола без фабрички затемнети стакла. Најдеш стумбана кола и си ги префрлиш затемнетите стакла на твојата. Но тоа возило со тој број на шасија нема поминато хомологација со затемнети фабрички стакла. А ти пример се правиш паметен дека не треба да имаш запишано дека се стаклата запишани.

Тоа што не биле запишани на времето и што никој не води евиденција за тоа, е друга прикаска.
Но во принцип ако сака, полицаецот ке ти пише казна, ти не ја плаќај и оди докажувај се по судови. Он нема ни да се појави, а ти додека се докажеш тие 300 еур казна ке станат 3000... Поликаецот пак ништо нема да изгуби, државата ќе ги покрие тие трошоци. А државата никогаш не губи, ке изгуби тој што се инаети. И на крај ке му пресуди судот дека не е во право и дека ке треба да ги тужиш технички што не ти го впишале податокот за фабрички затемнети прозорци. А технички ако нема во декларацијата за возилото пишано дека има фабрички затемнети стакла ке се повика на тој документ и ке биде во право. И ке рече дека за возило со тој број на шасија нема фабричка декларација за затемнети стакла :D

Не прозивам никого, него едноставно не можеме да се инаетиме со држава, органи, закони, па макар и да сме во право.
Ако има можност, треба да се повикаме на документ за да се зашише се она што е од опрема наведено дека треба да го има, конкретно затемнетите стакла. Дури и јас кога ја купував колата ги замолив во документите обавезно да биде нагласено дека се фабрички затемнети стаклата и од технички истото ми го посочија, да не го заборават тој податок, зошто во спротивно нема да можат да го запишат...

https://press24.mk/policijata-pushtena-na-najako-sankcionirani-nad-100-vozachi-poradi-nesoodvetno-zatemneti-stakla/

веќе почнаа да казнуваат

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15282
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #241 на: 05 Февруари 2026, 10:05:21 am »
Оддамна казнуваат или те тераат на лице место да ги вадиш.

А ова со фабричките е тоа беше жива глупост и пропуст на машински факултет кога ги вадеа хомологациите.

Го јадев машки јас со трчање по институции. Прво ме правеа луд зошто барам фабрички затемнети стакла да бидат внесени во сообраќајна (само фолии морало), за после да ми речат „е сега мора“.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30455
    • CARclub.mk
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #242 на: 05 Февруари 2026, 13:33:40 pm »
Јас на стариот Голф ги извадив предните и ги атестирав задните, баш заради казни. Два пати се извадив, не ми се ризикуваше трет пат.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2227
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #243 на: 05 Февруари 2026, 14:01:03 pm »
Оддамна казнуваат или те тераат на лице место да ги вадиш.

А ова со фабричките е тоа беше жива глупост и пропуст на машински факултет кога ги вадеа хомологациите.

Го јадев машки јас со трчање по институции. Прво ме правеа луд зошто барам фабрички затемнети стакла да бидат внесени во сообраќајна (само фолии морало), за после да ми речат „е сега мора“.

Мене исто во хомологацијата не ми ги завеле фабричките затемнети - среќа на технички во Кичево го видоа па се враќав назад да ми издадат нов документ кај што се заведени па пак на технички

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15282
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #244 на: 05 Февруари 2026, 16:35:32 pm »
Имам пишувано во темава или не знам каде, ни што се пројдов.

Во глобала:

Машински ја згрешија хомологацијата.

Хомологацијата од Чешка стигнала со убаво напишана опрема, се педатно наведено до најмал детал. Порше ја чуваат документацијата, а и Чесите си имаат електронски систем и лесно проверивме дека сѐ беше исправно од страна на Шкода.

На крај името во хомологацијата (Република Македонија vs Република Северна Македонија) беше проблем :D Машински не можеле да издадат нова хомологација, не знам што...

ДОООЛГА приказна.

На крај една госпожа во МВР (МТВ) - ги подбра сите од Порше, Машински и им кажа што да направат.

И завршив работа, ги внесов стаклата во сообраќајна.

Отсутен pecka06

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #245 на: 11 Февруари 2026, 22:40:31 pm »
Има прашање поврзано со фолии за стаклата.
Дали ако моите стакла се фабрички затемнати(30%), и тоа е запишано во сообраќајна, ни јас сакам да ги затемнам повеќе со додавање на фолии. Дали во тој случај треба да правам атест повторно бидејки во сообраќајната пишува дека е со фабрички затемнати стакла?

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #246 на: 12 Февруари 2026, 06:20:00 am »
Не, веќе ти пишува уредно во сообраќајната како и што си кажа.

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 541
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #247 на: 12 Февруари 2026, 07:09:21 am »
Во теорија треба да ја атестираш секоја промена на затемнетост, затоа што при контрола нема да се совпаѓа фактичката затемнетост на прозорите со а-тест документите за истата.
Но во пракса, живееш во Македонија така да слободно лепи позади колку сакаш, на предни прозори стави некоја светла фолија да не паѓаш у очи и не се замарај.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15282
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #248 на: 12 Февруари 2026, 07:57:29 am »
Има прашање поврзано со фолии за стаклата.
Дали ако моите стакла се фабрички затемнати(30%), и тоа е запишано во сообраќајна, ни јас сакам да ги затемнам повеќе со додавање на фолии. Дали во тој случај треба да правам атест повторно бидејки во сообраќајната пишува дека е со фабрички затемнати стакла?


Теоретски можат да ти ја измерат затемнетоста и да ти направат проблем ако им е сомнително.
Во реалност не се замараат.


Јас две години возев со затемнети и предни стакла (задните беа во сообраќајна, предните беа ставени од претходниот газда оти е некоја фаца низ Скопје). Ме застанувала полиција, ништо не ми спомнале.

На крај да не си правам проблеми ги извадов предните самиот да си биде се како што треба.


Отсутен Potop

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #249 на: 16 Февруари 2026, 09:17:41 am »
Едно прашање.
Искрено прочитав погоре, но сепак да се осигурам.
Купив кола увезена (затемнете задни стакла) спремни сите документи, само ја регистрирав.
Се ок, но не се запишани во сообраќајна.
Е сега знам дека после инерпол проверката кога бев за таблици полицаецот запишуваше дека има затемнети стакла во системот, ама ги нема во сообраќајна.
Да проверам со него повторно или се е ок вака?
Фала многу

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 737
    • ibiz.mk
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #250 на: 16 Февруари 2026, 09:21:23 am »
Е сега знам дека после инерпол проверката кога бев за таблици полицаецот запишуваше дека има затемнети стакла во системот, ама ги нема во сообраќајна.
Да проверам со него повторно или се е ок вака?
Фала многу

касно е, тоа требало во  COC/хомологација да бидне внесено,
обично ако не им кажеш не внесуваат, баш за тоа да мора одново хомологација да поднесеш.


сега што и да правиш е касно, одново хомологација,
ист случај е и за евро кука

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15282
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #251 на: 16 Февруари 2026, 11:08:37 am »
Едно прашање.
Искрено прочитав погоре, но сепак да се осигурам.
Купив кола увезена (затемнете задни стакла) спремни сите документи, само ја регистрирав.
Се ок, но не се запишани во сообраќајна.
Е сега знам дека после инерпол проверката кога бев за таблици полицаецот запишуваше дека има затемнети стакла во системот, ама ги нема во сообраќајна.
Да проверам со него повторно или се е ок вака?
Фала многу

Побарај ја хомологацијата, најчесто ако е тазе ја чуваат кај што си ја регистрирал. Чим е уште во проверка на Интерпол 99% ти е на технички кај што правеше.

После тоа (ако си во Скопје) ги носат во МТВ.

Ако не ти пишува во хомологација фабрички затемните стакла, тогаш претпоставувам нова хомолагација треба?

Отсутен Potop

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #252 на: 16 Февруари 2026, 11:16:13 am »
Едно прашање.
Искрено прочитав погоре, но сепак да се осигурам.
Купив кола увезена (затемнете задни стакла) спремни сите документи, само ја регистрирав.
Се ок, но не се запишани во сообраќајна.
Е сега знам дека после инерпол проверката кога бев за таблици полицаецот запишуваше дека има затемнети стакла во системот, ама ги нема во сообраќајна.
Да проверам со него повторно или се е ок вака?
Фала многу

Побарај ја хомологацијата, најчесто ако е тазе ја чуваат кај што си ја регистрирал. Чим е уште во проверка на Интерпол 99% ти е на технички кај што правеше.

После тоа (ако си во Скопје) ги носат во МТВ.

Ако не ти пишува во хомологација фабрички затемните стакла, тогаш претпоставувам нова хомолагација треба?
Помина интерпол проверка, земав и таблици.
Ако не се лажам во хомологацијата стоеше дека има затемнети стакла.
Е сега убеден сум дека и кога куцаше во систем пред да ми ги издаде таблиците го запиша затемнувањето. Отпосле видов дека нема во сообраќајна, искрено мислев дека и не треба затоа што се фабрички.
Ама го разгледав форумов па ми се јави сомнеж :)


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15282
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #253 на: 16 Февруари 2026, 13:04:26 pm »
Ако го има во МВР во систем, само оди до шалтер нека ти ги внесат со печат.

Тогаш ти е 2 минути работа.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2227
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #254 на: 16 Февруари 2026, 13:05:50 pm »
Едно прашање.
Искрено прочитав погоре, но сепак да се осигурам.
Купив кола увезена (затемнете задни стакла) спремни сите документи, само ја регистрирав.
Се ок, но не се запишани во сообраќајна.
Е сега знам дека после инерпол проверката кога бев за таблици полицаецот запишуваше дека има затемнети стакла во системот, ама ги нема во сообраќајна.
Да проверам со него повторно или се е ок вака?
Фала многу

Побарај ја хомологацијата, најчесто ако е тазе ја чуваат кај што си ја регистрирал. Чим е уште во проверка на Интерпол 99% ти е на технички кај што правеше.

После тоа (ако си во Скопје) ги носат во МТВ.

Ако не ти пишува во хомологација фабрички затемните стакла, тогаш претпоставувам нова хомолагација треба?
Помина интерпол проверка, земав и таблици.
Ако не се лажам во хомологацијата стоеше дека има затемнети стакла.
Е сега убеден сум дека и кога куцаше во систем пред да ми ги издаде таблиците го запиша затемнувањето. Отпосле видов дека нема во сообраќајна, искрено мислев дека и не треба затоа што се фабрички.
Ама го разгледав форумов па ми се јави сомнеж :)


Sent from my iPhone using Tapatalk

Треба да ги има и во сообраќајна. Мене заборавиле да ми ги стават во хомологацијата, среќа на технички го фатија па се јавија во техничкиот што ја правеше хомологацијата па се враќав назад по нова хомологација па назад на регистрација.