Дечки, со културно паркирање на паркингот има навистина многу место, а има и место околу паркингот каде може да се остават колите. Има и по улицата накај Балканка место, а и накај Љунфер брдо. Денес бев пак, и комотно може на паркингот да собере 150+ возила, доколку имаме обзири и паркираме како што треба.
Се обидуваме да избереме локација што одговара и задоволува неколку параметри:
- Во или во близина на Скопје.
- Доволно капацитет за ~100 возила.
- Лесно пристаплив терен.
- Ограничени можности за дивеење.
И да има посетители во паркот, тие седат по саат-два и си одат. Со време ќе си отидат а ние ќе ги зафатиме местата. Без нервози. Коментарите од типот „што ви е луѓе“ или „ќе го изедеме“ не ни помагаат воопшто. Ако мислите дека е лесно да се организира ваков настан, верувајте ми - грешите.
Ако сакате да помогнете, бидете на време во Недела и помогнете да организираме околу паркирањето и околу распоредувањето на колите. Не можам да предвидам ниту јас нити никој друг колку возила вкупно ќе се појават, и затоа ќе ги замолам сите што ќе се појават во Недела да имаат трпение и да помогнат колку што можат околу нормалното функционирање на собирот.
Благодарам.