Многу е поголем бројот на македонски запалени знамиња(најмногу од страна на албанци во Македонија, косово и албанија) отколку туѓи знамиња запалени од страна на македонци.
И како што е напишано, знамињата се палат чисто заради провокација, најчесто по сугерирање од партија заради одржувањето на дестабилизираната состојба во кој се наоѓаме веќе премногу години, а која им одговара на некои лица.
Заради тоа и не може ништо да се превземе барем против поситните прекршители од албанска националност, кои одма рипаат дека се угнетувани, шират пропаганда по западот и спремни се во секој момент да ја повторат ситуацијата од 2001.
Значи не сакам да навредам никого и знам дека постојат голем број исклучоци од албанската страна, но за жал и голем број од тие исклучоци често пати, под закана, се приморани да превземаат дејствија против своја воља, се во име на т.н. „голема албанија“, поим кој за жал станува се популарен и кој, доколку не се превземат драстични мерки, може во блиска иднина да стане реалност.