1. Ако сте се упатиле кон целта и при секоја препрека застанувате да фрлате со камења кон секое куче кое лае по Вас, никогаш нема да стигнете до целта.
2. Никој не се вратил да живее во минатото. Затоа не мислете на минатото, гледајте само во иднината.
3. Ако при секоја пријателска услуга веднаш помислувате на благодарност, тогаш не сте дарувале, туку сте продале.
4. Кога богатството е изгубено ништо не е загубено, кога здравјето е изгубено, се е загубено.
5. Глупак кој станал свесен дека е глупак не е повеќе глупак.
6. Оној кој никогаш не го менува своето мислење се сака себеси повеќе отколку вистината.
7. Пред да им кажеш на луѓето како треба да живеат, покажи го тоа и со свој пример.
8. Оние кои знаат да говорат, говорат кратко.
9. Ако си успешен во нешто, тогаш луѓето или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат или ќе те мразат.
10. Ништо на светот не е потешко од искреноста и нема ништо полесно од ласкањето.