Не навлегувам во политика, не ме занима, ама морам да исцитирам еден мој пријател од Битола. Вика: „А бе ние македонците самите не се сакаме меѓу себе, па што очекуваме? Некој друг да не` сака?!“
И така е, уместо да бараме и посочуваме кој бил поголем предавник од кого, а политикава веќе со години ни` го сервира тој филм, подобро е да седнеме и сите по малку конструктивно да сработиме за државичево. Кој колку може и мисли дека може да придонесе. Сигурно ќе ни` биде поубаво отколку билдање омраза кон некој табор или приврзаниците на истите.