Месарчето доколку се покаже како што треба може да стане шеф на месарите, може би и раководител маркетот каде што работи. Можеби само со една насмевка и услужливост ќе допринесе баш некој муштерија да го вработи во неговиот поголем маркет, и повеќе да го плати.
Прошетајте во недела (обично е таму во недела) до Веро Тафталиџе да купите месо. И погледнете како месарот жонглира и ги анимира купувачите. Атракција, сите околу се насмеани, сите од него сакаат да купат. А тој подава пасови позади грб и шутира во корпа на муштериите. Да не зима 40К. Тешко. Да не го плаќаат екстра. Можеби, ама му текнало од месарството да направи атракција.