Дечки...На кратко поентата на муабетот беше...Никој нема да ти даде ако ти не се трудиш за тоа што го сакаш...
1. Никој нема мене да ме натера да учам ако не сакам
2. Никој нема да ме натера да го работам она што не го сакам...
3. Никој неможе да ми ускрати на правото ако јас сакам да учам
4. Никој неможе да ми забрани да го работан она што го сакам.
Сите ние имаме обврска да завршиме средно образование и да бидеме колку толку писмени за нило каква егзистенција во животот...По 18 години сме доволно зрели и свесни да знаеме што сакаме понатаму...Дел од нас продолжуваат со школување, дел одлучуваат дека не ги бива за школо не сакаат да учат и почнуваат да работат...Што и како ке работат, тоа зависи од човекот...Сите не можат да бидат прецедатели на држави...Сите не можат да бидат градежни работници...итн...
Јас како созреан човек на 18 години решив да се запишам на факултет...Немав пари за приватни колеџи, студирање во странство итн итн и покрај тоа што имав желба, па фино лепо седнав, загреав столица и се запишав на УКиМ... Но на факсот не се учеше она мене што ме интересираше него сосема друго...Млад и зелен, почнав да не учам, па квадрат па кубик итн...Се одкажав од факсот и почнав да работам, и тоа за беспари баш она што ми лежи...По година дена сватив дека без школо нема да ме биде, нема да постигнам некои цели кои претходно ги зацртав во животот...Повторно се запишав на факултет, овој пат на друг, но во текот на летото повторно го сменив мислењето и перцепцијата за живот и се презапишав на трет факс...
Тоа беше моја желба а не желба на родителите...Студиите за моја среќа се плаќаа но минимално...Претпладне одев на факс, попладне работев и повторно бесплатно, како волонтер...зимав некој ситни пари од бизниси кои сам си ги организирав...Колку да имам за трошок...Студирањето ми беше напорно...Учењето уште повеќе...Три работи одеднаш е тешко да се прават...Траеше долго, но се исплатеше...Полека работите си доаѓаат на свое место...Да не бев упорен немаше да стигнам онаму каде што сум сега...
Имам другари кои не сакаат да учат, кои во едно време застанаа на средно и кои беа многу многу подалеку со заработувачка, и торшење од мене...Јас додека они си го прчеа по кафичи и додека живееа убаво, јас учев, рмбав и се мачев...
Но по 15 години работите се сменија....
Јас фала му на бога, полека напредувам, имам работа која е специфична и среќен сум ради тоа бидејќи такви како мене на прсти се бројат, а и работата си ја сакам...
Они полека и сигурно пропаѓаат...Едно време беа газди на дуќани, шефови и директори...Возеа убави коли, се шетаа со разноразни спонзоруши....Денес тие истите одат по пазари и продаваат гевреци и переци, одат пешки и ниедна од тие дрољетините не ги погледнува...
Поентата ми е...Ако си незадоволен од животот, и ако сам не си го подобриш, нема никој...АКо сам не се трудиш да си ги оствариш целите, тоа никој нема да го направи за тебе...
АКо денес таткоти е владика, а тебе те ставил за поп, утре он ке замине на оној свет, па тебе од поп ке те вратат кај клисарот...сигурно нема владика да те стават да бидеш...
Но ако патот јас сум си го тресирал и полека се качувам скалило по скалило, никој не може да ме фрли од тераса....
И на крај краева не ме интересира како некој дошол до многу пари, дали со или без школо станал доктор или министер, дали зима многу пари или не...
Ме интересира само фактот колку јас ке зимам и дали ке бидам задоволен со тоа што ке го зимам...Ако сум задоволен ондак ОКЕЈ, а ако не сум, продолжувам понатаму со мојата борба за подобар живот...А ако почнам да кукам, и да се жалам непотребно, ондак значи дека не знам што сакам...Сигурно ако не си побарап, никој нема да ти даде.
Мајками цел живот работела у прехрана...Толку учела, толку стигнала и никад не се пожалила ни за плата ни за ништо...За колку учела за толку и си работела...Задоволна била и си терала...
Јас со таква работа како нејзината не сум задоволен...
Или пак со работа како месар...Мислам дека вредам повеке и ке се трудам истото да го докажам...Само така ке успеам...Со коментари од типот можеш и сама да си ги наредиш, или види ја каква е, па уште со плата од 12к мои сака да и ги редам саламите, не....тоа се типично исфрустрирани личности кои прво не се ценат сами себе, а потоа ни другите...Е па дечки извинете, додека јас учев и се мачев, а вие седевте на улица, дремевте у кладилница и јадевте гомна по цела вечер, а сега не ви чини тоа што го работите, сори, извинете, ама сами сте си го барале...
Можда звучи сурово, но вистината е таа...
Сите што сакаат, со верба, верна и чесна работа ке го добијат....
Убави празници...