Автор Тема: Идеолошка тетоважа..  (Прочитано 70266 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #60 на: 12 Април 2012, 19:48:40 pm »
Него кај е гОЈДО да искоментира нешто...Ми фали деновиве :))
Може ако сакаш утре да ги шетаме децата. Ќе биде убаво времето, па ќе има многу луѓе низ парк. Ако станувате порано, може да појдеме до Зоолошка, па парк. А всушност, поканава важи за сите оние кои имаат мали деца и сакаат да се дружиме и да ги дружиме децата.

Што се однесува до написот, за жал малку читатели ја сватија поентата, а некои затераа дијаметрално спротивно...
Постот на Фаланга заслужува повеќе од десетка, да речеме четириеска ама Фаланга неможе да изеде толку па ќе му помогнам.

Чичко Маршер и чичко Зипо, како деца растени во социјализам ја пронајдоа социјалистичката компонента во приказните. Тоа е дека парите неможат да те направат среќен, но се само средство кое ќе ти овозможи пристоен живот. Среќата и радоста не се купуваат со пари. А за да бидеш среќен треба да те сака и да си ја сакаш фамилијата и да те исполнува работата. Една третина од денот поминуваш на работа, втора третина поминуваш со фамилијата, а последната третина ја преспиваш. Ако немаш љубов и слога во домот и/или си незадоволен на работа ти си несреќен човек. Се разбира, мора да имаш доволно пари за да можеш да си ги приуштиш основните човечки потреби (топол дом, храна, обувки и сл.)

Типчето кое што сече салами во приказната е несреќно бидејќи си ја мрази работата. Неговиот однос е неприфатлив и никогаш нема да го одведе до променливата која ја посакува (денес 40.000 утре 140.000 и т.н.). Во целост се согласувам со авторот дека не сме еднакви иако законот на хартија не прави и дека треба да постојат причини зошто тие пари некој ќе ни ги плати.

И јас да ја работам мојата работа во некоја развиена земја каде знаењето, умеењето и трудот се повеќе ценети ќе земам минимум 10 пати повисока плата, но не и овде каде што сум и работам за смешна плата во однос на одогворностите кои ги имам. Сепак одговорно ги извршувам моите задачи и обрврски.

А на тоа месарчето најголема одговорност му е да ги подреди саламите ко што треба и да исече онолку колку што му бара муштеријата, и тоа неможе да го сработи како што треба. Некој хирург има човечки животи на одговорност. Како може месарчето со дебилно понашање да зема плата како хиругот?

ЕДИТ: Морав да ја бањам малата па прекинав, да си го довршам муабетот...

Што се однесува пак до работата и платата. Ако не му одговара на младичот, нека напушти и нека најде подобар маркет каде некој ќе му плати 40.000 за сечење салама...Многу често пазарм во Тинекс и сум среќавал многу дечки и девојки, но и жени и мажи во години, кои се максимално љубезни и услужливи и покрај тоа што не се задоволни од примањата. Некои од нив имаат дома фамилија која ги чека тие бедни 12.000 денари за да преживее. И на тие луѓе им е док*рца од секакви муштерии меѓу кои има буквално и пациенти со дијагноза, но немаат избор да се изпонашаат ко месарчево затоа што многу лесно можат да останат и без таа работа која сигурно лесно не ја нашле.

Од друга страна ова месарчево, кое е неспособно само да најде работа, па по партиска линија некој му нашол на цела криза во државава, и кај не си ја работи работата како што треба, па згора и незадоволно. И тоа си дава за право да преваспитава муштерии поради кои ја добило таа работа...И тоа месарче нема никогаш да направи нешто за да си го промени животот. Ќе чека вечно да дојде некој и да му даде плата колку што мисли дека му се доволни( а подоцна ќе свати дека му требаат многу повеќе и многу повеќе и тн), а за возврат не сака да мрдне со мал прст.

За жал пола и повеќе од државичево ни е такво. Никој не сака да си плукне во рацете и да си го сработи своето за да има еден пристоен живот. Но затоа се лекоумни на слатки зборови и ветувања и за ситни пари и услуги (како вработувањево на месарчево во случајов) ќе изезат и ќе ја изгласаат едната или другата банда. И ич не ги боли к*р што работава не ни иде, и што се ни пропаѓа. Таквите немаат чувство за колектив и не можат да гледаат подалеку од својот личен интерес. Се додека мнозинството во држвава ни е такво ќе си бидеме такви какви што сме, бедни, намачени и никакви. Никој не не сака какви што сме. Македончето само си гае илузии дека ЕУ ќе не земат какви што сме и денот потоа месарчињава ко ова во случајов ќе земаат по 40.000 плата за истата неуслужливост како и вчера...


« Последно менување: 12 Април 2012, 20:42:36 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #61 на: 13 Април 2012, 00:54:29 am »
сите се фативте за месарчето,какво било,за неговата плата,кој го запослил,од чива партија е ,дали има партиска книшка,дали девојката предтходната вечер не му дала,дали госпоѓата била ружна и затоа така и рекол......дали и зошто и така со вакви прашања и одговори до безкрај.
госпожата имала среќа што и ја исецкал саламата можел и таква ненаместена да и ја фрли у фаца,а?.....да сите напишеме по нешто што може да било во таа ситуација ,нема крај.

многу работи што ги прочитав се вистинити.и нема само една вистина.туку најлошо е кога ќе се судрат две вистини ,вистината од едната страна и вистината од другата страна.

форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #62 на: 13 Април 2012, 01:07:14 am »
Месарчето е типичен претставник на просечното македонче.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #63 на: 13 Април 2012, 02:34:12 am »
.
« Последно менување: 04 Мај 2012, 23:03:45 pm zippo »

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #64 на: 13 Април 2012, 03:36:49 am »
Многу интересни постови прочитав и во сите најдов многу вистина. Секој има различен поглед на она што се случува околу него. Оваа дискусија нема крај, сите имаат различни мислења, а сите тие различни мислења се точни, иако се сосем спротивни едни на други. Постовите на Фаланга и Гојдо ме инспирираа да напишам еден доста голем пост, но се предомислив и го избришав, можеби во некоја друга прилика.
Само ќе кажам дека е жално што државата ја води народ, без цели, идеи, амбиции, мотиви и храброст во животот. Барем една особина да имавме како народ од овие, ќе беше многу поинаку. Или пак, да се понадеваме на младите дека можат да го променат сивилото во кое живееме. Ама кои млади, оние кои што студираат по штабови и кога ќе завршат факултет покрај диполмата ја приложуваат и книшката, или пак кремчињата на кои што мама и тато им купуваат испитни прашања, или месарот кој што го унапредиле од лепач на плакати во сецкач на салами??? Не знам дали некогаш ќе успееме да се извлечеме од ова и дали на народов ќе му текне дека има мозок кој што може да го употребува и да размислува, а не да биде воден како коњ, како што ќе му кажат!?

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #65 на: 13 Април 2012, 04:56:15 am »
треба почесто да има вакви дискусии ...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #66 на: 13 Април 2012, 10:39:10 am »
Зипо,

Приказната за моите предци во времето на социјализмот е слична на онаа од твоите, т.е. ни тие не се комуњари кои по основа на книшка добиле нешто во СФРЈ. Разлика е тоа што кај нас баба ми (на татко ми мајка му) е во улога на дедо ти, и татко ми како единец во улога на двата сина на дедо ти. Исто разлика што на баба ми и одземале 3 огромни куќи, 5 дуќани и десетици ниви и праќајки го дедо ми да предава математика во Скопје им дале едно сопче(16 квадратни метри) за живеење со семејството во стан со уште 2 фамилии каде има една заедничка кујна и едно веце. Во исто време, „правоборците“ од СКЈ добивале хациенди на Водно, а општествено полезните комуњари пристојни станови за живеење. Но дедо ми не бил воено лице за да има шанса да избере дали ќе ужива или не во благодетите што ги нудел тогашниот режим, туку бил професор по математика. Поради тоа што брат му „јавно“(во круг на најблиските колеги, тогашно „другари“) искажал мислење за тогашниот режим и дедо морал да трпи сопки и неправди. Благодарение, на 45 години на нервна база добил излив во мозок со трајни последици бришење на меморија(дури по 2 години го препознал татко ми дека му е син) и до крај на живот инвалид со една страна од телото парализирана. За да го прехрани семејството баба ми работела приватно како шивачка, од сабајле до вечер, притоа практично грижејќи се за две деца. И покрај тоа успеа на татко ми да му овозможи пристоен живот, да го изшколува и да му помогне да купи стан.
Татко ми и мајка ми со чесна, поштена и макотрпна работа успеаа да купат уште два стана во времето на социјализмот и изградија куќа во денешниов квази-капитализам. Мајка ми нема никакво наследство, а татко ми доби во наследство стан од 50m2 на Ленинова во Парк. Се останато е спечалено чесно и пожртвувано од нив лично и ништо не е добиено од СФРЈ. И покрај урамниловката оние кои биле поспособни и во тоа време успевале да створат повеќе од неспособните.

Што се однесува до верата, контрадикторно е да сакаш да се ослободиш од прангите на наметнатиот режим каде целта на мала група владетели е да ја држи во покорност големата, и своевремено проста, маса на луѓе притоа живеејќи раскошно на грбот на угнетаната маса, а истовремено да бидеш потданик на друг таков наметнат режим со иста цел.

BTW, во СФРЈ кога верите биле забранети со зкаон, мене(атер на баба ми) ме крстеле во Св. Димитрија, црквата со „чудото“, не по моја желба и сознание. Инаку јас работам од 14 години.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #67 на: 13 Април 2012, 11:24:05 am »
.
« Последно менување: 04 Мај 2012, 23:04:06 pm zippo »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #68 на: 13 Април 2012, 11:35:55 am »
Ovde imalo kolumnisti...abe Venko voda da im nosi.
;D

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
  • Слобода или смрт
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #69 на: 13 Април 2012, 11:43:51 am »
Процентот на запишани на факултет е страшен. Посебно кога знам со кој сум завршил основно и средно. Некој кој незнае да ја најде Македонија на карта во средно. Не ги знае соседите на Македонија па во крајни рамки да го слушаш како чита без да се насмееш бидејќи е гимназија е невозможно.
Оваа власт го постави образованието многу лошо. И се тоа ќе капитулира во најскоро време бидејќи да бидеме реални има разлика од дипломиран до дипломиран. Не секој заслужува да има диплома.
Конкретен пример вчера полагам колоквиум математика 2. Од 50 студенти 40 го предадоа тестот во првите 5 минути нормално празен. И веднаш потоа на фејсбук плукаа по се и сешто како било чудо да се положи. Тестот беше тежок но не и нерешлив. Бидејќи се убедени дека мора да завршат па макар не знаеле. И ќе завршат бидејќи ќе им дадат 3 поправнии колоквиуми каде на крајот математиката ќе се сведе на заокружување одговори а,б,ц. Искуство од претходниот семестар.
А ако ги анализираме и тие 10 што останаа и таму има некои кои ги имаат тестовите, некои кои пред колоквиумот одработиле 10 и повеќе приватнии часови и платиле 100 евра, и мал процент што сами се потрудиле без помош на никој.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #70 на: 13 Април 2012, 11:52:45 am »
Дечки...На кратко поентата на муабетот беше...Никој нема да ти даде ако ти не се трудиш за тоа што го сакаш...
1. Никој нема мене да ме натера да учам ако не сакам
2. Никој нема да ме натера да го работам она што не го сакам...
3. Никој неможе да ми ускрати на правото ако јас сакам да учам
4. Никој неможе да ми забрани да го работан она што го сакам.

Сите ние имаме обврска да завршиме средно образование и да бидеме колку толку писмени за нило каква егзистенција во животот...По 18 години сме доволно зрели и свесни да знаеме што сакаме понатаму...Дел од нас продолжуваат со школување, дел одлучуваат дека не ги бива за школо не сакаат да учат и почнуваат да работат...Што и како ке работат, тоа зависи од човекот...Сите не можат да бидат прецедатели на држави...Сите не можат да бидат градежни работници...итн...
Јас како созреан човек на 18 години решив да се запишам на факултет...Немав пари за приватни колеџи, студирање во странство итн итн и покрај тоа што имав желба, па фино лепо седнав, загреав столица и се запишав на УКиМ... Но на факсот не се учеше она мене што ме интересираше него сосема друго...Млад и зелен, почнав да не учам, па квадрат па кубик итн...Се одкажав од факсот и почнав да работам, и тоа за беспари баш она што ми лежи...По година дена сватив дека без школо нема да ме биде, нема да постигнам некои цели кои претходно ги зацртав во животот...Повторно се запишав на факултет, овој пат на друг, но во текот на летото повторно го сменив мислењето и перцепцијата за живот и се презапишав на трет факс...
Тоа беше моја желба а не желба на родителите...Студиите за моја среќа се плаќаа но минимално...Претпладне одев на факс, попладне работев и повторно бесплатно, како волонтер...зимав некој ситни пари од бизниси кои сам си ги организирав...Колку да имам за трошок...Студирањето ми беше напорно...Учењето уште повеќе...Три работи одеднаш е тешко да се прават...Траеше долго, но се исплатеше...Полека работите си доаѓаат на свое место...Да не бев упорен немаше да стигнам онаму каде што сум сега...
Имам другари кои не сакаат да учат, кои во едно време застанаа на средно и кои беа многу многу подалеку со заработувачка, и торшење од мене...Јас додека они си го прчеа по кафичи и додека живееа убаво, јас учев, рмбав и се мачев...
Но по 15 години работите се сменија....
Јас фала му на бога, полека напредувам, имам работа која е специфична и среќен сум ради тоа бидејќи такви како мене на прсти се бројат, а и работата си ја сакам...
Они полека и сигурно пропаѓаат...Едно време беа газди на дуќани, шефови и директори...Возеа убави коли, се шетаа со разноразни спонзоруши....Денес тие истите одат по пазари и продаваат гевреци и переци, одат пешки и ниедна од тие дрољетините не ги погледнува...

Поентата ми е...Ако си незадоволен од животот, и ако сам не си го подобриш, нема никој...АКо сам не се трудиш да си ги оствариш целите, тоа никој нема да го направи за тебе...
АКо денес таткоти е владика, а тебе те ставил за поп, утре он ке замине на оној свет, па тебе од поп ке те вратат кај клисарот...сигурно нема владика да те стават да бидеш...
Но ако патот јас сум си го тресирал и полека се качувам скалило по скалило, никој не може да ме фрли од тераса....

И на крај краева не ме интересира како некој дошол до многу пари, дали со или без школо станал доктор или министер, дали зима многу пари или не...
Ме интересира само фактот колку јас ке зимам и дали ке бидам задоволен со тоа што ке го зимам...Ако сум задоволен ондак ОКЕЈ, а ако не сум, продолжувам понатаму со мојата борба за подобар живот...А ако почнам да кукам, и да се жалам непотребно, ондак значи дека не знам што сакам...Сигурно ако не си побарап, никој нема да ти даде.

Мајками цел живот работела у прехрана...Толку учела, толку стигнала и никад не се пожалила ни за плата ни за ништо...За колку учела за толку и си работела...Задоволна била и си терала...
Јас со таква работа како нејзината не сум задоволен...
Или пак со работа како месар...Мислам дека вредам повеке и ке се трудам истото да го докажам...Само така ке успеам...Со коментари од типот можеш и сама да си ги наредиш, или види ја каква е, па уште со плата од 12к мои сака да и ги редам саламите, не....тоа се типично исфрустрирани личности кои прво не се ценат сами себе, а потоа ни другите...Е па дечки извинете, додека јас учев и се мачев, а вие седевте на улица, дремевте у кладилница и јадевте гомна по цела вечер, а сега не ви чини тоа што го работите, сори, извинете, ама сами сте си го барале...

Можда звучи сурово, но вистината е таа...

Сите што сакаат, со верба, верна и чесна работа ке го добијат....

Убави празници...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #71 на: 13 Април 2012, 12:54:45 pm »
Зипо, не ме навреди воопшто. ;) За да навредиш некого треба да ја погодиш вистината, а ти ја промаши мислејќи дека сум дете на комуњарски паразити.
Нејсе, имаше за цел да ми вратиш за увредите кои ги упатив кон верата и кои не беа упатени кон никого лично. Тоа е нехристијански(знаеш она со образите), ем на денот кога според Библијата треба да се биде најпрочистен од земски задоволства и гревови. ;)

Што се однесува до „социјалистичката компонента“, не мислев на целото уредување, туку само на онаа компонента кога парите не беа основа за луѓето да бидат среќни, услужливи и друштвени.

За мене сеедно е дали нечие профитирање ќе го наречеш „верско“ или „режимско“. Целта е иста, да се држи населението во покорност, да се манипулира со него и да се живее раскошно на неговиот грб. Верите се измислени токму за тоа и од кога постојат па до ден денес се инструмент за поделба, манипулација и профит.

За да бидеме „браќа“ по вера треба да веруваме во истото. Јас верувам во науката и во се она кое може да се докаже. А тоа не се измислени ликови со суперчудесни сили како Дедо Мраз, СуперМен, Господ и сл.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #72 на: 13 Април 2012, 16:00:55 pm »
.
« Последно менување: 04 Мај 2012, 23:04:26 pm zippo »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #73 на: 13 Април 2012, 16:32:12 pm »
Можда звучи сурово, но вистината е таа...

Сите што сакаат, со верба, верна и чесна работа ке го добијат....

Убави празници...

Vo koja drzava?
Makedonija ili Norveska?

Da ne se razbereme pogresno..
Ako zimam solidna plata ne znaci deka sum slep koj sve (polupismen)se vrabotuva pokraj mene od edna strana i kakvi luge (so zavrsen fax) dremat nevraboteni doma (ili secat salama vo Tinex ) od druga strana.
Ako mi upalilo mene , ne znaci deka drzavata e okej i deka kako sto vikas " Сите што сакаат, со верба, верна и чесна работа ке го добијат...."

I jas bi sakal da e taka ali nazalost,  daleku sme od toa.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #74 на: 13 Април 2012, 18:47:13 pm »
Стратро, тоа што некој има пемпеле не го прави поспособен! Му дава повисок статус во општеството и му отвара повеќе врати. Дали ќе влезе е веќе друг муабет.

Без оглед на образованието и платата, немаш право да се однесуваш непрофесионално, а уште помалку пак да се однесуваш непрофесионално и да очекуваш некој да ти даде плата која не ја заслужуваш. Месарчето нема право да ги држи муштериите во заложништво затоа што му е малку платата за кое се договорило да работи. Тоа со платата нека го решава со шефовите или нека напушти, негов проблем. Но со клиентите мора да има професионален однос.

Ум шо идит отпосле не јет ум!