Јас се сложувам со сите ваши муабети иако некои на некои контрираат. Но има една работа: сите (генерално иако не дефинитивно сите) работници во Тинекс се избрани на пазарот на работна сила. Тинекс може да земе сечач за салами за 10.000 денари плата или за 12.000 денари плата. До душа може да земе и човек за 8.000 денари, па за 6 месеца да му ја зголеми на 10.000 денари а за година дена на 12.000 плата. Епа може да земе човек за 12.000 и за 12.000 денари плата. Но двајцата нема да работат исто. Едниот ќе сече салами како експерт а другиот ќе јаде гомна на купувачите.
Значи во конкретниов пример јас вината ја наоѓам кај Тинекс кои единствен интерес им е правење на пари од крвта на работниците и купувачите. Јас го познавам дотичното семејство лично и можам да кажам дека шупките им се бескрајно еластични за прибирање пари а им се кине срце и скратува живот кога еднаш во 10 години ќе поделат социјален пакет на сирумашните и бездомниците во општина Карпош само за да следат партиски наредби и да му пркосат на Дон Стефчо Јакимовски.
Јас кога почнав да работам во 1999 година почнав како техничар во мала компјутерска компанија. Факултетот си го плаќав сам од тие пари (1500 марки годишно) и студирав економски факултет. Работата ми беше поврзана со информатика па сакав да запишам и MIcrosoft System Engineering со цел да станам систем инженер. Не ми стигаше платата за студиите на Microsoft (450 evra испит и слушање за вкупно 12 или 13 испити). Па затоа после работа ми дадоа скутер Даелим да разнесувам весници за Тендерник и Капитал низ цело Скопје. После тоа се распиша потерница по газдата на капитал и таа работа умре (ми остана должен две плати по 7000 денари). После тоа клиенти ми станаа поголемите фирми од месната индустрија и почнав со нив да работам хонорарно држејќи си ја редовната работа за да платам за студирање. Тогаш влегов во секоја нивна продавница сум работел со сите нивни месари и месарки сум вршел секакви работи за нив. Знам кои им се сите маки и во какви услови работат. Прашајте конкретно ќе ви споделам информации.
Се навикнав на таков живот со работа и студирање од 8 до 2 часот наредниот ден. Завршив економски факултет и станав системски инженер. CV-то ми набабре прилично фино. До средно школо веќе имав и диплома по англиски од кембриџ па затоа можев да се ставам на пазарот на повисоко квалификувана работна сила. Така после неколку години завршив во Thomson Reuters во Њу Јорк како „интердисциплинарен економист-информатичар“ специјалист за бизнис аналитика. Но секако не е се во вољата на човекот и неговата снаодливост туку некогаш се мешаат и објективни фактори. Морав да се вратам од таму и да се погрижам за семејството и да останам тука. Слетав исто така на ново работно место исто така интердисциплинарен економист-информатичар како менаџер за развој на софтвер, системска интеграција и трехничка поддршка за плата која не е за фалење. Во дополнение на ова работам и хонорарно во Центарот за економски анализи како менаџер на IT и економист, економетрист и статистичар. Некои од клаберите веќе знаат за што зборувам.
Овој мој пример го наведувам со следнниве поенти:
1. Ако се сака и се даде жртва се може
2. Ако се гледа напред со крената глава може да се издржи и да се биде скутерџија или месар со завршени два факултети но секако може и да се успее многу погоре
3. Не се секогаш работите во рацете на дотичниот човек, многу често нешто друго одлучува и те гази и враќа на почетокот.
Али пазете, има две поенти кои зависат од личноста и една од објективни причини.
Во конкретниот случај со месарот од Тинекс:
1. ако сака дечкото да зема 40.000 плата МОЖЕ!!! Барем јас успеав и многу повеќе од тоа и за 4 пати
2. Ако привремено западнал во невоља во Тинекс не значи дека е закован и дека таму ќе остане цел живот. Барем јас не останав скутерџија и поттрчко на месарите
3. не рекле џабе дека среќата им се смее на храбрите. Дечкото од Тинекс треба да продолжи да си ја бара серќата макар значело тоа и кршење на ѕид со глава. Барем јас успеав иако повторно се вратив во незавидна позиција. Нема тука да запрам, сега имам семејство така да главата ми е уште потврда од порано. Дотичниот Венко за кој прв пат слушам сега исто така не значи дека засекогаш ќе стане професор. И тој мора да гледа напред и да се труди. Ништо чудно и јас еден ден да станам рамноправен колега со него а бога ми и дечкото од Тинекс. Факт е и дека некој не може да постигне ништо од гореспоменатото ама мора некој да биде и експерт за хигиена, перење коли, менување гуми, одзатнување шахти и слично. Експерти се бараат на секое поле, од свињар до пост-доктор.
Затоа велам, не е се црно и бело. Работите се се повеќе сиви во денешно време на анархија и природна селекција.Затоа се сложувам и со Венко и со дечкото и се сите ваши постови. Не ми е поентата да се фалам ни да се жалам. Само да ви дадам личен пример, можеби на некого ќе му ги отвори очите