Автор Тема: Го видов овој „ѕвер“ од ауто на нашите улици..  (Прочитано 2680664 пати)

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2855
Одг: Го видов овој „ѕвер“ од ауто на нашите улици..
« Одговори #12075 на: 18 Февруари 2018, 17:05:06 pm »
Во Кавадарци има 2 такви.Оваа од сликата е со ептен бедна опрема а другиот од муабети разбрав дека е hellcat.Тој другиот грми кога ке поине земјотрес прави у пм...

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22381
Одг: Го видов овој „ѕвер“ од ауто на нашите улици..
« Одговори #12076 на: 20 Февруари 2018, 10:06:02 am »
Дај боже еден ден глава да не дигнам од ваши коментари колку ми е ружна и нескладна колата...

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4786
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Го видов овој „ѕвер“ од ауто на нашите улици..
« Одговори #12077 на: 20 Февруари 2018, 10:51:47 am »
Ај нек се угоде... :D

https://prnt.sc/ih8u93


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22381
Одг: Го видов овој „ѕвер“ од ауто на нашите улици..
« Одговори #12078 на: 20 Февруари 2018, 11:25:31 am »
Какви л`жги.

Прво е 4.6..второ е 300 КС...трето 20.000 му бараше...четврто изгубил од некакво си Клио...значи треба Клио да купам за тие пари за да не ве слушам. ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Го видов овој „ѕвер“ од ауто на нашите улици..
« Одговори #12079 на: 20 Февруари 2018, 11:32:42 am »
Или моеш да возиш на 2000-3000rpm при 3/4 гас и нема да ги слушаш.

P.s. Ау ова било V6, ништо од муабетов.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22381
Одг: Го видов овој „ѕвер“ од ауто на нашите улици..
« Одговори #12080 на: 20 Февруари 2018, 11:52:34 am »
Лично го немам видено , али мислам дека е V8.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: Го видов овој „ѕвер“ од ауто на нашите улици..
« Одговори #12081 на: 20 Февруари 2018, 12:38:31 pm »
Го видов Стратро.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ау грда...грда...колку грди штопови...

Може трампа за бубрег?


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22381
Одг: Го видов овој „ѕвер“ од ауто на нашите улици..
« Одговори #12083 на: 20 Февруари 2018, 15:38:42 pm »
Овој со Астрата ќе го поминам...шо ти е.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4111
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
Одг: Го видов овој „ѕвер“ од ауто на нашите улици..
« Одговори #12085 на: 20 Февруари 2018, 18:30:37 pm »
Начин на плаќање, соларно - паре на сунце


Испратено од мојот прекрасен мобилен користејќи Тапаток

Отсутен TDM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Го видов овој „ѕвер“ од ауто на нашите улици..
« Одговори #12086 на: 20 Февруари 2018, 21:10:06 pm »
„Фордот“ беше чудо во Прилеп оти тогаш немаше ни „фиќо“, па народ се собираше како мечка да игра, раскажува Kирил Kитаноски (68) за автомобилот од 1957 година, произведен во САД, во кој татко му Александар бил вљубен цел живот.
Шеесет и осум годишниот прилепчанец Kирил Kитаноски нема да го исполни заветот на татко си Александар, кој на претсмртната постела му оставил аманет „фордот“ произведен во 1957 година да му го постави за надгробен споменик. Kирил сега го продава луксузниот олдтајмер „форд“ од моделот „ферлајан“, произведен во Америка, за осум илјади евра.

Додека чека муштерија, во гаражата го чисти, го пали и го одржува олдтајмерот, кој е со првата фабричка боја. Автомобилот е долг шест метри и може комотно да се возат седуммина. Тој му е наследство од татко му, кој бил мераклија на уникати.

Иако стариот автомобил во семејството се доживува како семејна амајлија, децата не го бендисуваат, па сака да се куртули од него додека не почнал да скапува. Kирил објаснува дека неговиот покоен татко Александар не сакал да го даде „фордот“, а го кандисале со понуди од станови, дуќани и многу пари.

Но тој не сакал ни да чуе да ја продаде убавицата од 57-мата, со машина од 270 коњи. Автомобилот имал поминато само дваесетина илјади километри по патиштата до Турција и Грција. Има кожени седишта и голем простор, како и оригинално радио со ламби и полуавтоматски менувач со три брзини. Автомобилот бил купен од некој печалбар од преспанското село Kрани, кој пак го донесол со брод од Америка преку Албанија во 1963 година.

Сопственикот не бил мераклија, туку сакал само да се пофали во селото. Kога му поминал ќефот, го продал во Прилеп, а татко му на Kирил, како што вели тој, тогаш платил царина колку за десет автомобили. - Татко ми беше по луксузот. Разбрал на пазар и веднаш отиде да го види. Очите му се ококориле. Го пазарил и го донесе во Прилеп. Беше чудо невидено оти немаше ни „фиќа“, туку само се тераше низ градот понекоја државна „олимпија“. Народ се собираше како мечка да игра.

Го вардеше „црвениот Американец“ како мало дете. Не дозволуваше друг да го допре. Го чуваше под клуч. Понекогаш ќе ми го дадеше да се покурназам низ улиците и да ме гледаат чупиња. Му го бараа „големци“, ама автомобилот му беше прилепен за срцето.

Го одбил дури и Kиро Глигоров, кој тогаш му фрлил око. На татко ми дури и пред умирачката умот му беше во „фордот“. Ми велеше, ако може „фордот“ да ми го ставиш за надгробен споменик - раскажува Kирил. Народ се собира да го види и сега, кога ќе го извади од гаражата. - Го одржувам, но немам сила.

Ставам акумулатор одвреме-навреме да запали и да биде во возна состојба. Сакам да го продадам, иако не даваат пари. А своевремено на татко ми му даваа пари колку за дуќан и стан во Скопје. Еден трчаше по мене за „убавицата“ со торба германски марки - вели Kирил, кој бил вработен во сервисот на „Застава“.

Каросеријата е од челик. Некогаш човеков го паркирал Фордот на удолница и не ја кренал рачната поради што автомобилот тргнал сам да оди по удолницата, удрил во куќа и го рушил страничниот ѕид од куќата. На колата има само мала вдлабнатина во предниот браник, а куќата ја преѕидувале.

И уште ова, од Прилеп до Битола троши 20 литри бензин, ама само ако го вози сопственикот. За друг ако го вози, сопственикот не гарантира и вели "може и до 40 литри да истроши".

Фордот е задоволство да го гледаш, а камоли да го возиш.

Со еден збор -неверојатна кола, со посебна фамилијарна и старо-градска историја!



Sent from my LG-K420 using Tapatalk
« Последно менување: 20 Февруари 2018, 21:16:47 pm TDM »

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4239
Одг: Го видов овој „ѕвер“ од ауто на нашите улици..
« Одговори #12087 на: 25 Февруари 2018, 02:15:05 am »
Страшен звук и забрзување.

If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Го видов овој „ѕвер“ од ауто на нашите улици..
« Одговори #12088 на: 25 Февруари 2018, 02:23:38 am »
^^^
Она кога ќе видиш р8 со рандом таблици од една страна а од друга страна некој голф 4 со 4444 или алфа 156 со 0001. Прајоритис ет итс фајнест.
Зини да ти кажу.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Одг: Го видов овој „ѕвер“ од ауто на нашите улици..
« Одговори #12089 на: 25 Февруари 2018, 18:53:05 pm »
M4 во Кисела Вода, слики немам зошто зборев на телефон додека возев :P