Паа....Зависи како ја возиш, по спецификација да, ама спецификацијата е за возење на ултра мазен автопат со 120кмч без клима и без воздушен отпор
Така во реален свет ако ја згазнеш како што треба и посакуваш...Ќе оди бааѓи бааѓи повеќе.
Пример, Панамерата има 3.0 мотор ако не се лажам, Дисковери 2 има 2.7 кој по спецификација троши 11 комбинирано, во реалност
http://img6.imageshack.us/img6/1246/38707544416909194201172.jpgНајголемиот проблем не е потрошувачката туку резервни делови и одржување. Изгор скапи оригинални, заменски скоро и да нема а тие што ќе ги има исто скапи...Кој ќе ти се нафати да ја сервисира? Секој освен овластен ќе се учи на неа бидејќи ќе биде прва Панамера што ја видол...И тоа ќе биде така секаде низ светот зошто сите Панамери се сервисирале кај дилерот кој е НЕВЕРОЈАТНО скап и никој сервисер освен овластените не може да биде обучен да знае да работи на неа...Не е Голф или Корола.
А да не правиме муабет колку компјутери има во оваа кола и каде на овој свет (освен во претставништво на Порше) ќе може да ти прочепка евентуален проблем...
Јас имам седено во Панамера (се немам возено) и материјалите внатре се перверзија, ти се чини дека си обвиткан во најфината кожа на светот, единствена "мана" што мене ми е чудна е високиот дашборд и некако чудно ми е да гледам напред се осеќам ко џуџе ама тоа е дека нон стоп возам високи коли и не сум навикнат.