Еве исечок од упатството, токму за оваа работа.
Мислам дека успеав да го протумачам, само немам време да пробам.
Кофата ја ставив како пример. Би земал резервоар од 50-тина литри.
Што ќе направам - ќе го "наполнам" прво цревото со вода. Ќе го прикачам за машината, па ќе го пуштам пиштолот да го "истерам" воздухот од системот. Па тек после би го потопил во кофата / резервоарот / канта и сл.
Садот со вода би го ставил на повисоко од вапот, ради подобар и непречен проток.
Едино што ме збуни е дека треба црево со филтер. После сконтав дека тоа е потребно ако ризикуваш со вода од бунар, река, езерце, бара и сл., каде може да има нешто што може да ја оштети машината ако повлече (лист, кал, камче...). Јас би користел вода од чешма во кристално чист сад, така да, тоа ми е покриено.
Ќе пробам па ќе пишам.
@Zile Ми се има десено притисокот од самата чешма да ми скине брза спојка од неа дур работам со него, односно да ми снема вода, фактички. Арно ама, ова е премногу лесно воочливо, пошто машината ДРАСТИЧНО менува звук при недостаток на вода, што значи дека можам одма да реагирам и да спречам хаварија, односно прегревање.
А плус, штом го пишува во упатството...
@riki_staff