Автор Тема: Ми треба законот за сообраќај со последните измени...  (Прочитано 5877 пати)

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Ми треба законот за сообраќај со последните измени и ако може некој да најде во службен весник каде е објавен делот за шински возила на раскрсница... Денеска ги разгледувавме раскрсниците во тестовите со инструкторот и он упорно тврди дека на раскрсници обележани со сообраќајни знаци шинското возило нема предност... (Одговорите по тестовите се дека имаат предност) Па сега ми даде задача да го најдам тој дел од законот и од службениот весник, затоа што во книгата го нема.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
ако шинското возило се движи по споредна улица нема предност во однос на возилата на главната улица, а сето то нормално треба да биди облежано со знак ... мене така ме учеа
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Инструкторот има право.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Џиџи проблемот е што имаше 2 инструктора у канцеларија... и беа со спротивни мислења.. А и инструкторот се двоумеше.
Мартин, Значи не правиме муабет за споредни улици... Правиме муабет за раскрсници на пример каде што семафорите не работат и нема никакви знаци поставено.. Што тогаш дали е рамноправно со останатите или има предност.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Тоа е више друга прича ако нема знаци, семафори и сл. Шинските возила имаат предност.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Ако на раскрсница каде раскрсницата не е регулирана ни со сообраќаен знак, ни со светлосни знаци тогаш секогаш предност ке има шинското возило во однос на другите возила, значи трамвајот прв ке ја напушти раскрсницата после сите останати возила ..
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Еве го тестот на кој се расправавме... 29 прашање, точен одговор под Б ???
http://pic.mk/images/7zNLG.jpg

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Да

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Тоа значи дека шинското возило има предност во однос на камионот ?
и Доколку наместо шинското возило на раскрсницата имаше кола/мотор дали пак одговорот ке беше ист?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Не, му доаѓа од лева страна - камионот би имал предност.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Тоа значи дека шинското возило има предност ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Тоа значи дека шинското возило има предност ;D
Епа тука лежи целиот ЗЕЦ

Член 42
(1) На крстосница на патишта од иста важност или во пресрет со друго возило, возачот е должен да го пропушти возилото што наидува од неговата десна страна.
(2) Возачот на возило кој на крстосница свртува налево е должен да го пропушти возилото кое доаѓајќи од спротивната насока, на крстосницата го задржува правецот на своето движење или свртува надесно, освен ако со поставенот сообраќаен знак поинаку не е определено.
(3) По исклучок од одредбите на ставовите (1) и (2) на овој член, возилото што се движи по шини има првенство на минување на крстосница или во пресрет со друго возило, без оглед на тоа од која страна тоа му доаѓа, освен ако со поставениот сообраќаен знак поинаку не е определено.
(4) Возачот кој со возило влегува на пат што со сообраќаен знак е означен како пат со првенство на минување, е должен да ги пропушти сите возила што се движат по тој пат.
(5) Возачот е должен да ги пропушти сите возила што се движат по патот на кој влегува тој и кога не е означен со сообраќаен знак како пат со првенство на минување, ако со возилото влегува од земјен пат на патот со коловозна постилка или ако на пат влегува од површина која не е наменета за динамичен сообраќај.
(6) Возачот кој при свртувањето на возилото пресекува велосипедска патека или лента, е должен да ги пропушти велосипедите, велосипедите со мотор, лесните трицикли, трициклите и лесните четирицикли што се движат по велосипедската патека или лента.
(7) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1),(2), (4), (5) и (6) на овој член.

Сега значи камионот ке има првенство на минување?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
на сликата само тој Стоп знакот ме буни,треба да се провери убаво...инаку другото јасно е
 :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Епа тоа е целиот проблем... Камионот и шинското возило се на споредна улица, значи на раскрсницата прво ке помине плавото возило, после тоа камионот бидејки оди право а на крај ке помине шинското возило... А според точните одговори во тестот камионот ке го прошушти шинското возило... И сега кое е точно

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Епа тоа е целиот проблем... Камионот и шинското возило се на споредна улица, значи на раскрсницата прво ке помине плавото возило, после тоа камионот бидејки оди право а на крај ке помине шинското возило... А според точните одговори во тестот камионот ке го прошушти шинското возило... И сега кое е точно

заборави го тоа .... бидејки оди право. Ако наместо шинско возило имаше автомобил тогаш ќе важи правило на десна страна и товарното возило ке поминеше второ (прво е синото возило) а на крај автомобилот. Вака шинското возило има предност пред камионот.