Тоа значи дека шинското возило има предност 
Епа тука лежи целиот ЗЕЦ
Член 42
(1) На крстосница на патишта од иста важност или во пресрет со друго возило, возачот е должен да го пропушти возилото што наидува од неговата десна страна.
(2) Возачот на возило кој на крстосница свртува налево е должен да го пропушти возилото кое доаѓајќи од спротивната насока, на крстосницата го задржува правецот на своето движење или свртува надесно, освен ако со поставенот сообраќаен знак поинаку не е определено.
(3) По исклучок од одредбите на ставовите (1) и (2) на овој член, возилото што се движи по шини има првенство на минување на крстосница или во пресрет со друго возило, без оглед на тоа од која страна тоа му доаѓа,
освен ако со поставениот сообраќаен знак поинаку не е определено.
(4) Возачот кој со возило влегува на пат што со сообраќаен знак е означен како пат со првенство на минување, е должен да ги пропушти сите возила што се движат по тој пат.
(5) Возачот е должен да ги пропушти сите возила што се движат по патот на кој влегува тој и кога не е означен со сообраќаен знак како пат со првенство на минување, ако со возилото влегува од земјен пат на патот со коловозна постилка или ако на пат влегува од површина која не е наменета за динамичен сообраќај.
(6) Возачот кој при свртувањето на возилото пресекува велосипедска патека или лента, е должен да ги пропушти велосипедите, велосипедите со мотор, лесните трицикли, трициклите и лесните четирицикли што се движат по велосипедската патека или лента.
(7) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1),(2), (4), (5) и (6) на овој член.
Сега значи камионот ке има првенство на минување?