И како што е ред, а и како што некој од оние што ја разбираат оваа проблематика препорачуваат проверка на системот за климатизација, дополнување со фреон, евентуална корекција и сервис јас тоа го правам редовно кај дечките од ИнтерФриго кој се професионалци во својата работа и се наоѓаат кај комплексот дуќани Лепенец. Инаку сервисот постои преку 40 години а главна и основна работа им се разладни системи и комори, климатизација на простории, возила, изработка на фрижидери за возила, итн итн.
Еве неколку фотки од зафатот. Притоа беше вакумиран комплетно целиот систем, надополнет фреон и проверени црева и споеви. Испран хладњакот за климата, надворешно се разбира, системот проверен од евентуално испуштање.
Сега климата лади за 40% повеќе него претходно.
Истата оваа контрола ја правев и пред две години.