Деновиве направени неколку тековни одржувања.
Беше заменете ламела, потисна и друк лагер, како и семеринзи, а воедно турено ново масло во менувачот. Промената направена во CityCar. Вграден оригинален сет од Пежо.
Заборавив да ја сликнам фактурата, но ако некого го интересира, не е проблем.
Меѓу другото заменети и предни плочки Ferodo SL, масло ARECA S3000 10w-40 и филтри MECA-Filter масло и воздух. За кабина Filtron.
Тековна километража 79850 км.
Еве го и сликовито прикажано процесот на менување на плочките. Можеби некому ке притреба за утре задутре. Менувањето е релативно едноставно, со тоа што на крајот треба да се стегне штрафот кој ја држи шепата со момент клуч и 3 кила.
Еве споредба на старите и новите плочки. Менување на време
И стегањето на шапата:
Количето спремно наредни 10к за возење.