Британскиот луксузен производител на автомобили „Астон Мартин“ размислува за отворање на нова фабрика во Македонија, пренесува Ројтерс.
Ширејќи го својот асортиман на производи и враќањето на профитабилноста, компанијата првично направила попис од 19 можни локации, кој е намален на две места, едно во Американската сојузна држава Алабама и на Блискиот исток, изјави за Ројтерс во декември.
Но, во последните неколку недели Македонија даде добра понуда до компанијата, која претходно информира дека секоја потенцијална финасиска потпора е многу важен елемент во донесувањето на својот избор за можната локација. Македонија која беше отфрлена во тесниот избор сега се врати со многу јака понуда, додава изворот.
Висок претставник на македонската влада кој не сака да биде именуван потврди дека Македонија е во трката за можна локација за изградба на фабрика. Тој само изјави дека тие дале многу добра понуда, информира Ројтерс.
http://telma.com.mk/vesti/aston-martin-razmisluva-za-nova-fabrika-vo-makedonija