На автомобилската индустрија и' претстојат големи промени во иднина, особено доколку им се верува на аналитичарите од компанијата Morgan Stanley, кои предвидуваат дека во наредните 15-20 години, бројката од 30 големи производители ќе спадне на вкупно шест ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар
Според аналитичарот Адам Џонс сегашниот број на производители на пазарот е едноставно неодржлив. Во моментов, мнозинството од нив имаат краткорочни планови за нови модели и не се адаптираат на технолошките предизвици од иднината.
Познавачите, како лидер во имплементација на новите трендови ја издвојуваат компанијата Tesla Motors. Овој производител за многумина претставува практичен пример дека дури и неафирмиран бренд може да понуди свежи и интересни идеи, кои речиси „преку ноќ“ ќе ги прифатат и другите, веќе докажани играчи во индустријата.
Ова не е прв пат да слушнеме застрашувачки прогнози за иднината на автомобилската индустрија, но освен неколкуте преземања и партнерства склучени во изминатите години, останатите производители, дури и во време на големи кризи, се покажаа како доста отопрни на промени.
До кога? Времето ќе покаже.
LosiPatista