Ама што ќе прават работниците во фабрика што завршиле факултет за штрафење 4 штрафа, а лимарите во Богдановски? Па не знае секој да програмира роботи и да пишува скрипти/мапи за принтање??? Ова е изум на сатаната и треба да се уништи пред нас да не уништи!
Затоа и ги ставив подолу видеата каде се гледа генеративен дизајн како се обработува на домашен компјутер. Зошто нели прво они трубат дурови, ама всушност (бидејќи сум цртал доста работи за 3д принт рачно) ова е фантастична работа. Без некои којзнае какви софтвери или компјутери. Подесуваш неколку параметри и точки на удар и добиваш финален производ кој сега веднаш може да се принта. Тешкото (според мене) е принтање на метал, сега за сега само ABS/PLA сум правел и е многу едноставно.
Од друга страна муабетот со 3д принт е дека е малку ружничко на крајот, ако сакаш да е брзо. Ама за структурни делови - не е битно дали е ружно, и онака не се гледа. Ама може да има масивни заштеди во тежина и кај најсекојдневните возила. Оние кои се на улицата, а не небитни хиперколи. Мене ме радува ако секојдневните возила се под 1 тон, како некои производители што имаат во својата палета на производи. Полесно, поефикасно, поекономично, поеколошко... Побрзо... итн. Затоа и ме радува кога ќе видам некое Б сегмент возило со 850кг и 90кс, а не 1050кг со 70кс како директни конкуренти.