Ford Fiesta најпродаван мал автомобилВо минатата година Ford Fiesta била продавана на секои две минути, со што станала најпродаван мал автомобил во Европа. Овие податоци ги објави компанијата JATO Dynamics, која се бави со собирање, анализа и обработка на податоци од автомобилската индустрија.

Ford во минатата година продаде 953.174 возила на 30 европски пазари кои ги анализира ЈАТО, од кои 306.405 се „Фиести“.

„Овој легендарен автомобил стана вистинска дефиниција на она што го посакуваат купувачите од еден мал автомобил – стил, квалитет, доверливост и извонредна технологија“ – изјави Roelant de Waard, потпретседател Ford of Europe за Маркетинг, Продажба и Сервис.

Компанијата Ford продаде повеќе од 15 милиони „Фиести“ ширум светот, од кога започна производството на овој модел во 1976 година. Беше најпродаван мал автомобил во Европа веќе три пати во последните четири години. Најомилената боја на европските купувачи е Frozen White – ледено бела.
