30.05.2012
inShare
Новата генерација на знаменосецот на Mercedes, Класа S, ќе користи автоматски менувач со 9 степени на пренос и според инженерите на марката е максимумот што еден менувач може да понуди.
Вградувањето на менувач со 9 степени на пренос не е новина во индустријата, специјалистот за трансмисии ZF веќе претстави компактен автоматик којшто ќе се вградува во возила со погон напред или на четири тркала.
Mercedes долго го најавува овој менувач, но не се знаеше во кој модел ќе дебитира. Во информацијата стои дека менувачот ќе се вградува во сите верзии на Класа S без оглед на моторот и погонот.
Имено дури и изведбата со погон на четири тркала 4Matic ќе го носи овој менувач. Исто така менувачот ќе го користи и хибридната верзија на класата S. И тука работите ќе застанат
Инженерите на Mercedes сметаат дека девет степени на пренос се максимумот што може да понуди искористливост на вртежниот момент на моторот и се преку тоа е фрлање пари во ветар.
Информациите дека најстариот производител на светот ќе се појави со автоматик со 10 степени напренос во Mercedes ги отфрлаат како неточни. Новата Класа S ќе се појави дури следната година на есен на салонот во Франкфурт.
http://www.vozi.com.mk/vesti/novata-klasa-s-kje-ima-menuvach-so-9-stepeni.html