Денес што беља сум напраил.... еве чекам жена ми да ја заспие малата па да го јадам....
Бевме до СП Маркет во Тафталиџе и купивме што купивме, патем јас си земав едно Демиркаписко црвено во шише пластично од 3л.
И дојдовме дома и викам ај да си турам малце да го пробам. Кога отворам капачето гледам преполно шишето скроз до горе. Го затворам и викам ај ќе одам у купатило да го отворам и да одсипам во чаша пошто сигурно ќе ми истече. Ја ставам чашата во лавабо, го отворам шишево, го фаќам, го навалувам.... и што да ви кажувам...

Пошто тенка пластика и тоа лесно да се деформира, се сплеска шишево, ми прсна во вис врз ѕидот и плочките, милизна од раце, падна врз чашата, ја бутна чашата доле на плочките и сол се напраи.
Го истурив пола шише вино, ја скршив чашата и лом го направив ѕидот и плочките, ја натопив нашината за перење, пешкирите што беа врз неа (тазе перени и пеглани).
Сега чекам жена ми да стане, да види и да ми пресуди. Што избришав и измив - измив..... ама сеуште има видливи последици.

Сега сум наебал.... еве ја станува
