За разработка на машината.
1. Првите 200 км, возење до 30 км/ч, не повеќе од 10 км пат, по можност без нагорнини, и исклучиво сам на мотор, без нагло додавање на гас.
2. Промена на масло.
3. Следните 800 км истото од горенаведеното под точка 1. само може до 45 км/ч.
4. Промена на масло на 1000 км.
5. Е сега што сакате правете со машината.
Препорачливо е кога времето е посвежо, пролет и есен, и кога утринските температури се пониски, првото палење да биде на курбла.
Ова не го измислувам, си го пишуваше во прирачникот. А не почитувањето на овие навидум „рекла-казала“ совети на еден комшија со Кимко голема веспа од 150 цц мислам дека беше, го чинеше нова радилица блок итн.
Човекот само знаеше гас до даска, ни загреан, нит ништо по правила.