Јас имам кинески чекичен

поточно Баотијан 50ка 4 тактен, во последно време не го возам многу ради што не сакам да носам кацига а и не ми се плаќа 800 денари осигурање за 3 месеци сезона.
Моторчето си е ок за парите мада споредување со Априлија и на него слични ич да не се замарате веза нема, до сега има некаде 6000 километри поминато 3 пати ми има скинато каиш еднаш го туркав 5 километри до дома ме остави на пат а колку што глеам сите кинат каиши ова чекичениве многу глупа работа им е тоа.
Пред околу 500 километри малку го појачав сменив клип и цилиндер на 80 кубика пошто некои троа поголеми угорнини знаеше да застане и беше многу млитаво одпочеток на околу 1500 километри ми ја скина мембраната на карбуратор и не одеше повеќе од 45км/х освен тоа некои дефекти поголеми други нема, со еден збор колку пари толку музика.
Лани реставрирав едно Малагути старо 20 години мислам дека имаше минарели машина 2 тактно една рака мотор е ама сила има 4 пати повеќе од моето со 80кубика клип каишот му беше стар ама колку сакаш стегај го не го кини, кога би се прашувал јас радо би го возел тоа 20 години старо се гледа дека е квалитетно отколку ова ново ама не квалитетно и ќе заборавев да додадам секое црево или гумен дел на кинесково како од гомна е правено се кини по најбрза можна постапка.