Се обучував во АМСМ, со Hyundai i10.
Тестови положив од прва, со 6 негативни, утнав едно прашање за максимална дозволена тежина на возило во сообраќај и не знамкое друго, ама ептен банално прашање, од тие „сувите“.
Полигон положив без проблем, ама на градска паднав. Ме изреметија прв пат: прво не сум се престроил правилно, па не сум стоел доволно на СТОП, па сум направил опасна ситуација на раскрсница со комбе оддалечено 2 светлосни години (сум пресекол пат, потоа го чекав едно 6-7 секунди да помине на последно зелено, со опасност да „останам“ на раскрсница), па после многу широко сум фаќал лак и знаев дека ќе ме паднат, првенствено заради раскрсницата.
И јас бев виновен, отидов на полагање со 2 саати спиење.
Вториот пат беше поинаква приказна, а и не оставив на случајот, па и внимавав повеќе.
Туку, почнав да возам и почнаат да ми дофрлаат, дека треба пошироко да заобиколувам застанати возила, па на една гадна раскрсница дека не сум се наместил доволно десно за свртување лево, па како не сум требал да верувам на жени, кога пред мене се појави велосипедист жена и не сум требал да претекнувам (овде почнаа да се зезаат).
На следната раскрсница(кобна од минатиот пат), едниот ми вели „сврти овде десно“.
Цел живот ја паметам раскрсницата со дополнително десно светло, а овој ми повторува „тука десно“, „продолжи десно“ и се залетав како да има дополнително. Среќа што видов во последен момент и застанав на црвено. После пак ме провоцираа околу претекнување на застанати возила, ама беше полесно, а кога веќе решија дека ќе положам, ми простија и неколку ситници.
Полагав со Пежо 107.