Незнам како е во Скопје, но мојот наместо да дава совет и да те остави да згрешиш и да научиш од сопствена грешка, да ти укажи каде грешиш, ретко насмеан, постојано ми се мешаше де во волан, де во педали, де во незнам што, се искаравме уште на првите часови градска вожња и потоа ме оставаше сам да возам.
Потоа само седеше, многу ретко укажуваше нешто...Имав уште 5 часа, замина на одмор, ми вика да го чекам за да довршиме но, му реков не можам да чекам, ми потпиша дека имам завршено 18 часа, јас отидов полагав со 13, и положив од прва. Не добив ама никаков плус со тоа што возев автошкола (само пред комисија да возам 40 низ град наместо 50, и уште некои ситници). Ниту возев во вечерни услови (а треба!) ниту возев на отворено (само еднаш) ниту ништо...