За било што во животот е со каков к’смет си. Ќе дадам пример на две спротивности.
1998год. КУД Кочо Рацин имаше турнеја во Америка. Еден од играорците беше решен дека ќе остане, па макар и на црно. Со таа предност што имаше некој роднина во Детроит. Почна да работи на црно, па по извесно време некако нашава заедница му издејствува работна дозвола. Почна да вози камион. Женет беше и во меѓувреме тука на сопругата и се паѓа Бинго и Мерцедес А класа. Ја продава колата и сосе кешот ја повлекуваат во САД. Купуваат камион и работи за себе. Отвараат фирма каде жена му ги води работите а он вози. Денес е сопственик на компанија со неколку камиони, он и жена му уживаат а друг вози. Повторно ќе напоменам дека во целава процедура, покрај среќата имаа и таму кој се’ да им помогне.
Познаници, дечкото работеше во Пивара, девојката во маркетинг агенција. Супер плати, кола, стан, се она што секој тука си го посакува. ОК ретко работеа 8 саати дневно, обично 10-12

. Видоа добра шанса да отидат во Калифорнија и за истото што го работат да бидат далеку поплатени и поценети. Испопродадоа се тука и отидоа. И супер беше се додека не удри рецесијата на врата. Во фирмите кај што работеа, се’ што е од не американско потекло - фала пријатно. Се вратија, само што станот и колата веќе претходно ги продадоа...